Поранешниот шеф на Помпео и нов претседател на САД, одлучи дека треба да се укине и обезбедувањето што тој го добива. Претходно истото го снајде и поранешниот советник за национална безбедност од времето на Трамп, Џон Болтон, исто така еден од најистурените играчи во американското дипломатско препукување со Иран. На Џон Болтон исто така му е укинат и целиот пристап до доверливи информации.
Запрашан за укинувањето на обезбедувањето, Трамп порачал дека обезбедувањето не е доживотно.
„Не сакаш голема екипа на луѓе да чува некого до крајот на животот. Во сè има ризици,“ изјавил новиот американски претседател.
24-часовното обезбедување на Помпео и уште еден американски висок дипломат ги чини САД околу 2 милиони долари месечно.
Освен дипломатија, Помпео одигра улога и во убиството на иранскиот воен командант Касим Сулејмани на почетокот од 2020.
Американското министерство за правда, претходно објави дека иранската влада за убиството сака да им се одмазди на високи функционери од администрацијата на Трамп, вклучително и Помпео и Болтон. Според министерството, и против двајцата е изведен неуспешен обид за атентат.
Мета на Иранците е и самиот Трамп, кој летово за време на кампањата побара зголемено обезбедување заради опасноста да биде убиен од иранските служби.
По доаѓањето на власт Трамп целосно ги повлече и овластувањата за пристап до доверливи информации на десетици поранешни разузнавачки функционери кои пред изборите во 2020 го потпишаа јавното писмо во кое тврдеа дека информацијата за лаптопот на Хантер Бајден ги содржи сите обележја на „руска информациска операција.“