Затворското разместување е последица на извршната наредба на Доналд Трамп дека федералната влада во иднина ќе препознава само два пола - машки и женски.
„Ова значи дека сите интимни простори направени за жени и девојки ќе бидат одредени според полот, а не според родовиот идентитет,“ пишува Дејли меил.
Одредбата ги опфаќа и оние кои направиле промена на полот пред влегување во затвор, како и оние кои промената ја направиле на државен трошок дур се во затвор.
Истото што важи за затворите ќе важи и за засолништата за мигранти и за жртвите на силување, сите ќе бидат поделени по биолошкиот пол. Плус, повеќе нема да се користи ниту долар за финансирање на операции и транзиции.
Се проценува дека во американските затвори има околу 1.500 транс-жени затворенички и околу 750 транс-мажи затвореници.
Трамп побара од своите функционери да се вратат на користење на терминот „пол“ (sex) наместо „род“ (gender).