Илон се фати за државна работа

Во првите 80 часа од работењето на новата американска организација задолжена за владина ефикасност (ДОЏ), се укинати владини договори и трошоци во вредност од 420 милиони долари. Секако дека првата бројка од организацијата на Илон ќе биде 420.

Како и да звучат 420 милиони долари, процените се дека оваа бројка е многу лош почеток за Илон.

Бизнис инсајдер пресметал дека ако ДОЏ продолжи да работи со ова темпо, 126 милиони долари во договори на ден, тогаш за 530-те денови што ги има во мандатот од 20 јануари 2025 до планираниот крај на 4 јули 2026, организацијата ќе успее да му спаси на буџетот 67 милијарди долари.

Ова е само 3% од првичното ветување на Илон од 2.000 милијарди долари, или 7% од ревидираниот таргет од 1.000 милијарди долари.

ДОЏ, кои треба да добијат канцеларии во Белата куќа и да бидат вклучени во сите федерални агенции, и понатаму не може да влијае на федералниот буџет без дозвола од Конгресот.

Од ДОЏ објаснуваат дека главна мета сега договорите поврзани со ДЕИ (Diversity, Equity, and Inclusion) и празните владини згради низ земјата.

29 јануари 2025 - 10:09