Забраната за порнографија е дел од комплетот закони за „враќање на моралниот здрав разум во Оклахома“. Според него произведувањето, дистрибуцијата и поседувањето порно може да биде казнето со до 10 години затвор.
Истиот закон ја крева и казната за поседување педофилска порнографија од 0 до 20 на 10 до 30 години затвор, а секој дополнителен прекршок поврзан со сексуални содржини со деца предвидува затворска казна од 15 до 50 години.
Претходно Оклахома донесе закон кој бара задолжително верификување на возраста за пристапување до порнографски содржини. Слични закони имаат уште 18 американски сојузни држави.