Бељата си ја направи самата Бела куќа која објави дека на своите брифинзи ќе одвои простор за „нови медиумски гласови“ и на заинтересираните им дозволи онлајн да аплицираат за пристап.
Нивното објаснување е дека „милиони Американци, посебно млади луѓе, ги напуштија традиционалните телевизии и весници за следење вести, и своите информации ги добиваат од поткасти, блогови, социјални медиуми и други независни извори.“
Поканата на Белата куќа опфати „креатори на Тикток содржини, блогери и поткастери“.
Зад одлуката стојат статистики како оние на Пју се дека речиси 40% од младите на возраст под 30 години вестите за актуелни настани и политика ги добиваат од инфлуенсери.
Лани и двете кампањи поканија инфлуенсери да помогнат во ширење на нивната порака, а интервјуто што Трамп го имаше со Џо Роган, поточно одлуката на Камала да не оди на поткастот на Роган, се смета за една од причините за поразот на демократите.