Договорот што е прифатен во овие 72 часа на цели 75 години му ги предава сите паркинг мерачи од градот на инвеститорот.
Во 2008 овие над 1 милијарда долари изгледаат драматично многу пари, посебно имајќи предвид дека помагаат во затворање на буџетската дупка што тогаш ја има градот и кризата што почнува да владее во светот.
Меѓутоа, неполни 20 години подоцна математиката покажува дека приватниот инвеститор целата своја инвестиција успева да ја поврати во рок од 15 години, што му остава уште 60 години да профитира од тамошните паркинзи а Чикаго да не добива ни долар.
Чикаго повторно ќе види пари од паркинг во 2083.
Ревизијата на приходите од паркинг што КМПГ ја прави во 2021 покажала дека паркинг метрите за една година на инвеститорот му донеле 136,2 милиони долари.
Случајот со градските паркинзи периодов се актуелизираше во Чикаго откако годинава градот повторно стигна до дупка од 1 милијарда долари за затворање.