Од први јануари оваа година, во Шведска се регистрирани вкупно 30 бомбашки напади, од кои повеќето биле насочени кон станбени згради во Стокхолм. Последниот инцидент се случи завчера во раните утрински часови, кога експлозија го потресе Багармосен, јужен дел на Стокхолм. Две лица се уапсени во врска со нападот.
Минатиот четврток, експлозија ја потресе Фарста, исто така во јужниот дел на Стокхолм, при што беа повредени две лица. Од силината на детонацијата биле оштетени пет ката од станбената зграда.
Зголемувањето на бројот на инцидентите околу Божиќ бил резултат на крвавиот конфликт меѓу водачите на две криминални банди, Рава Маџид („Курдска лисица“) и Исмаил Абд („Јагода“).
Ако се бара земја која има споредлив број на бомбашки напади со Шведска, треба да се излезе далеку од Европа и да се дојде до Мексико. Тоа е единствената држава која не е во војна а има повеќе вооружени пресметки од Шведска.
Шведскиот министер за правосудство рече дека Швеѓаните не смеат да ја прифатат ваква ситуација како нормална.
Во 2024 година, 44 луѓе биле убиени во пресметки на бандите а 57 лица биле ранети. Регистрирани се 129 експлозии, и 60 неуспешни обиди за детонации.
Дури и САД за денешна Шведска се некогашна Шведска.