„Америка повторно ќе биде многу богата, и тоа ќе се случи многу брзо.
Време е САД да се вратат на системот кој не направи побогати и помоќни од кога и да е. Наместо да ги оданочуваме нашите граѓани и да ги богатиме странските нации, ние треба да ги тарифираме и оданочуваме другите нации за да ги збогатиме нашите граѓани,“ изјави американскиот претседател пред неколку дена.
Трамп потсетил дека во минатото САД имале далеку поголеми тарифи на производите кои доаѓаат од странство, а воопшто немале данок на приход, „и тоа беше најбогатиот период во историјата на САД.“
Она што не се знае е дали Трамп планира да го укине федералниот данок на корпоративен приход и даноците на плата (придонеси) или само индивидуалниот данок на приход.
Процените се дека индивидуалниот данок на приход носи речиси 5.000 милијарди долари во федералниот буџет на САД.
Моментално само 2% од федералните приходи доаѓаат од тарифи.
Трамп и за време на кампањата објави дека има намера да го елиминира данокот на приход.