Илон Маск: УСАИД е криминална организација

Американскиот милијардер и иноватор рече дека Националниот фонд за демократија (NED) е преполн со корупција а УСАИД не само што е криминална организација туку како таква треба да умре. Тоа го кажа коментирајќи ги гласините за физичко попречување луѓе на новото државно тело за владина ефикасност да влезат во системите на УСАИД. Трамп се согласил.

„Претседателот се согласи дека УСАИД треба да биде угасена. Стана очигледно дека таа не е само црвливо јаболко туку топка од црви. Тоа не се поправа. Ја гасиме.“

Тоа е последното што Маск го кажа за УСАИД после веста дека двајца високи функционери на оваа агенција биле суспендирани по обидот да им се забрани на службениците од Одделот за владина ефикасност (кој го водат Илон Маск и Вивек Рамасвами) пристап до системите во агенцијата, дури и откако персоналот на DOGE се заканил дека ќе викнат полиција за да можат да ја обават задачата.

Се работи за високиот офицер за безбедност Џон Вурхиз и неговиот заменик Брајан МекГил.

Ден претходно луѓе на ДОГЕ влегле во министерството за финансии што исто така не минало мазно бидејќи тамошен висок функционер дал оставка затоа што на тие луѓе им бил даден пристап до чувствителни информации.

„Пресудата“ на Маск ги зајакнува гласините дека Доналд Трамп има намера да ја укине УСАИД како посебна агенција и да ја претопи во Стејт департментот. За време на викендот, веб-страницата на УСАИД беше аут а нова страница за агенцијата се појави на веб-страницата на Стејт департментот.

За Националниот фонд за демократија Маск рече дека е измама:

******

Види и:

Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија

Африканец да ви каже нешто за солзите по УСАИД

 

 

 

3 февруари 2025 - 08:29