Тоа е одек на послушноста на Гугл кон едностраното преименување на Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив, донесено со потпишување на извршна уредба на Трамп. Гугл тоа инстантно го прифати и го употреби на своите мапи.
Шејнбаум признава дека нема овластување за промена, но таква моќ нема ни Трамп: САД не можат еднострано да го променат името на водата што ги дели со Куба и Мексико, бидејќи Конвенцијата на Обединетите нации за поморското право диктира суверената територија на поединечна земја да се протега само до 12 наутички милји од крајбрежјето.
„Ако некоја земја сака да ја смени име на нешто во морето, тоа би се применувало само до 12 наутички милји“, рече Шејнбаум. „Тоа не може да се однесува на останатите, во овој случај, Мексиканскиот Залив. Ова е она што детално му го објаснивме на Google“.
Гугл тврди дека овој потег е во согласност со неговата „долгогодишна практика на примена на промени на имињата“ кога тие едноставно биле „ажурирани во официјални владини извори“.
Со иста аргументација, компанијата соопшти дека ќе го смени името на највисокиот врв во Северна Америка, Денали на Алјаска, во планина МекКинли, како што нареди Трамп.
Решението на Гугл во суштина е вакво: Американците ќе гледаат „Американски залив“ на нивните мапи на Гугл, Мексико ќе го гледа „Мексиканскиот залив“, а остатокот од светот ќе ги гледа и двете.
Така можевме и ние да го средиме проблемот со Грците (што сакаат нека гледаат на нивните мапи), ама се најдоа Заев и Димитров...