Затворот во Гвантанамо со децении од време на време се користеше за сместување на мигранти. Се работи за дел кој е сосема одвоен од затворот за осомничени за тероризам.
Сега со наредбата на Трамп, делот кој се користеше за мигранти ќе биде проширен до капацитет од 30.000 лица.
Бројката не беше вклучена во официјалниот документ потпишан од Трамп, каде само стои дека на објектот му е неопходен „дополнителен простор за притвор“.
Претходно „царот за границата“ Том Хуман, порача дека Гвантанамо ќе се полни само со „најлошите меѓу најлошите“.
Моментално во Гвантанамо има останато само уште 15 затвореници.