Шај некое време се допишува со девојче по име Деби од британскиот град Бедфорд, со кое повеќе од еден месец планира како ќе се сретнат. Девојчето Деби, за среќа, не постои, тука е само профил воден од полицаец од полицијата во Бедфордшир.
47-годишниот маж деновиве беше прогласен за виновен за организирање на секс со дете, поточно силување, и за поседување на непристојни фотографии од детето. За сето ова тој добива 11 години и 6 месеци затвор.
Обвинителството објаснува дека Шај преку онлајн форуми и апликации за пораки во детали ги опишува вознемирувачките работи што сакал да му ги прави на девојчето, кое тој знае дека е 9-годишно, и дека за тоа е подготвен да патува до Англија.
Во својата комуникација Шај објаснува дека девојчето на 9-годшна возраст „малку доцни“ со започнување со сексуална активност, и дека му е „чест“ што ќе и биде прв.
Во багажот на Шај се најдени и плишани играчки и кондоми, кои според обвинителството „покажуваат очигледна намера девојчето да се освои пред да биде злоупотребувано“. Полицијата на мобилниот на Шај открива педофилски фотографии од деца и пораки во кој тој го објаснува својот сексуален интерес за деца.
Одбраната на Шај се обиде да го извади педофилот со објаснување дека тој пораките ги пишува од Америка, каде британските власти немаат јурисдикција па затоа треба да биде изземен.
Шај своевремено работи како советник на американскиот претседател Барак Обама за Пакистан и Авганистан, а изминативе години е ангажиран како инвестициски банкар.