Свет

Ал каеда во Овалната соба

Абу Мохамад ал Џулани беше командант од Ал каеда, која ги спроведе терористичките напади врз САД на 11 септември. Истиот тој, иако со друго име и стокмен во костум, вчера со почести беше примен во Овалната соба и вети дека ќе им биде сојузник на САД во борбата против тероризмот. Оваа трансформација мора да има своја цена.

ББЦ ќе учи да биде непристрасна

Оставките на директорот и главната уредничка се првиот чекор на ББЦ во тешкиот процес повторно да ја освои довербата од јавноста, која ја изгуби со долгогодишното пристрасно известување и криење на одговорноста. Најави ревизии на своите политики на ширење лаги за климатските промени и за војната во Газа. Инаку, зошто некој би плаќал лиценца од 180 фунти?

Санчез: Европа не смее да биде вооружена до заби

Шпанскиот премиер Педро Санчез цврсто ја брани својата одлука да се спротивстави на зголемувањето на трошоците за одбрана 5% од БДП, како што американскиот претседател Доналд Трамп побара од сите членки на НАТО. Санчез е убеден дека иднината на Европа не треба да се базира на милитаризација, туку на единство и почитување на меѓународното право.

САД ја престигнаа Кина со инвестиции во Африка

Во битката за пристап до ретки минерали за новите технологии, САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски директен инвеститор во Африка, првпат по повеќе од една деценија. САД во 2023 година вложиле 7,8 милијарди долари низ Африка, а Кина 4 милијарди. Конкуренцијата се зголемува. За африканското богатство се заинтересирани и Бразил, Индија и Јапонија.

И Израел има свои тунели за заробеници

Слично на нехуманите услови во кои Хамас ги чуваше грабнатите Израелци, и Израел држи десетици Палестинци од Газа изолирани во подземен затвор каде што никогаш не гледаат дневна светлина, лишени се од медицинска нега и здрава храна и не добиваат вести за своите семејства или за надворешниот свет, тврдат адвокати на двајца притворени цивили. 

Европското технолошко чудо Естонија

Поранешната советска република Естонија технолошки престигна многу од нејзините партнери во новото европско семејство. Ја демонтираше гломазната бирократска структура, целосно ја префрли онлајн и ја направи поштедлива за буџетот и поефикасна за граѓаните. Естонија денес е дом на стартапи, луѓето гласаат од мобилен телефон, а учениците се охрабрени да користат ВИ. 

Во пасош само факти: пол при раѓање, а не по избор

Врховниот суд на САД ја одобри одлуката на администрацијата на Трамп во пасошите на Американците да биде означен нивниот биолошки пол при раѓањето. Трансродовите или оние што се претставуваат како небинарни, нема да можат по сопствена желба да ја избираат ознаката за пол во документот. „Полот при раѓање е факт, исто како и земјата на раѓање“, пресуди Судот.

Се растопи зелената агенда на ЕУ

Европската Унија одлета на глобалниот климатски самит во Бразил со разводнети климатски цели. Тоа сведочи за голем пресврт во политичкиот моментум. Големиот зелен план што го најави Урсула фон дер Лејен сè уште е на сила, но по половина деценија доминација на Зелените во климатската политика, агендата сега е во рацете на многу поскептична група земји.

Јутјуб капитулираше пред санкциите на Трамп

Најголемата и највлијателна видео платформа тивко избришала 700 снимки на кои е документирано како Израел спроведува геноцид врз Палестинците и ги прекршува човековите права во Газа. Јутјуб реагирал согласно санкциите што администрацијата на Трамп ги воведе против сите што соработуваат со Меѓународниот суд во Хаг, кој го обвини Нетанјаху за злосторства.

Распеани небинарчиња

Инсталирањето на радикалната родова идеологија почнува од најрана возраст. Во формуларот за прием на дете во градинка во Квинсленд од родителите се бара да се произнесат дали воспитувачите да му се обраќаат на детето со „тие/нив“. Психолози предупредуваат дека наметнувањето небинарна родова агенда на таа возраст ги збунува децата и им пречи во развојот.

ББЦ ја извртела историјата кон агендата на „разбудените“

Шефовите на ББЦ настојувале да ја извртат историјата на Британија и да ја прилагодат на агендата на воук активистите. Ги игнорирале критиките од професори од Оксфорд и Кембриџ, кои се пожалиле дека документарци за колонијалното минато, за ропството и за гладот во Ирска се полни со неточни податоци, претставени како вистинити, а намерно биле премолчени важни факти.

Британија троши стотици милиони на „зелено перење“

Владата на Кир Стармер потрошила 200 милиони фунти од даночните обврзници за да им помогне на големите компании да постигнат „нето нула“ емисии на штетни гасови, иако „зелените“ проекти во кои се вложени парите реално не ја компензираат штетата. Се финансираат и апсурдни проекти како запирање на загадувањето на морињата во африкански земји без излез на море.

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Кинеските електрични автобуси за градски превоз „Јутонг“ што ги купиле Данска и Норвешка имале скриени СИМ-картички што му овозможуваат на производителот да ги деактивира, дури и кога се во движење. Механизмите досега не биле злоупотребени, но не се знае кој сè може да ги вклучува и исклучува. Данска тврди дека вакви дупки имаат сите уреди со кинеска електроника.

ББЦ ги ширел лагите на Хамас

Арапскиот сервис на британскиот јавен медиум во своите извештаи за војната во Газа ги ширел тврдењата на терористичката група и ги минимизирал страдањата на Израелците. Сите извештаи насочени против Израел биле објавувани без соодветни проверки, се пренесувале изјави на лица што ги славеле терористичките напади на 7 октомври, забележува комисијата за контрола.

Техеран има вода за две недели

Во акумулацијата од која Техеран црпи вода за пиење останало доволно вода за само уште две недели. Веќе е прекинато водоснабдувањето во неколку населби. Мегалополисот со десет милиони жители е погоден од историска суша, но кризата е предизвикана и од лошото управување со капацитетите и прекумерната експлоатација на подземните ресурси на вода.

Темната страна на владеењето на Зеленски

Херојот што им го спаси енергетскиот систем на Украинците од руските бомбардирања сега е на суд, поради спорно обвинение за случај од пред седум години. На суд заврши и поранешниот претседател Порошенко, за да не се кандидира за избори. Зеленски ги користи судовите како оружје за да го исчисти полето од конкуренти и да го зацементира монополот врз власта.

И демократите и републиканците пумпаат пари за милијардерите

Десетте најбогати Американци во изминатата година го зголемиле своето богатство за уште 698 милијарди долари. Заработувале сто пати повеќе од средната класа и речиси илјада пати повеќе од најсиромашните. Оксфам во својот нов извештај укажува дека администрацијата на Трамп го зголемила јазот во богатството во САД, но тоа го правеле и демократите пред него.

ББЦ со Трамп: Сечено, лепено, монтирано

Британската корпорација монтирала снимки од обраќањето на Доналд Трамп за време на немирите на 6 јануари 2021 година за да изгледа дека тој повикува на напад врз Капитолот. Трамп всушност повикувал на поддршка за сенаторите. Монтировката била емитувана една недела пред претседателските избори во САД во 2024 година, во очајнички обид да се влијае врз гласачите.

Одборници во Лондон - кандидати за пратеници во Бангладеш

Локални советници во една од најстарите и најнаселените општини во Лондон ја злоупотребуваат довербата и обврските водејќи кампања за парламентарни избори во Бангладеш, од каде што пристигнале во Англија. Не прекршиле закон ниту во Британија ниту во Бангладеш, но покажуваат колку им е битна довербата што ја добиле од заедницата во која се интегрирале.

Италијанска жртва на ковид вакцини дочека судска правда

Италијанка што добила воспаление на ‘рбетниот столб откако примила вакцини против ковид ќе добива отштета. Врз основа на сведочење на независни експерти, суд пресуди дека тешкото невролошко оштетување „не може да биде случајност, ниту може да се објасни со претходно автоимуно заболување“. Во Италија имало 593 случаи на трансверзален миелитис по вакцинација.

Што светот може да научи од Хавиер Милеи?

Кога Хавиер Милеи најави дека ќе биде претседател, луѓето се смееја. Откако победи, му претскажуваа масовни протести против кратењата и изборен пораз. Сега доби поддршка да ги заживее своите радикални реформи, кои треба да ѝ го вратат пристапот на Аргентина до меѓународните пазари на капитал и да ѝ обезбедат долгорочна стабилност без оглед кој е на власт.

Фронтекс не ги чува границите туку пречекува мигранти

Поранешниот прв човек на Фронтекс сведочи како под влијание на невладини организции, Европската комисија му вршела притисок и му објаснувале дека неговата работа не е да ги чува европските граници туку да ги пречекува мигрантите. Затоа ги советувал полските власти да не ги користат услугите на Фронтекс.

Европската комисија скришно преговара со лобисти

Надзорниот орган на ЕУ отвори истрага дали Европската комисија крие што се дискутирало на стотици тајни преговори со лобисти и претставници на индустријата пред да ја почне серијата укинување на регулативи што се сметаат за „непријателски“ за бизнисите. Средбите се уредно забележани, но извештаите се претерано штури и не содржат детали.

Америка влегува во нов Макартизам

САД ги зафаќа трет бран од „црвена паника“, овојпат не од Советскиот сојуз туку од Кина. Секој вработен во фирма која има некаков кинески капитал, мора да влезе во регистер на „странски агенти“. А такви се Моторола, Генерал Електрик, Епик Гејмс... Сомнителен е секој контакт или врска со Кина, макар се работело за научно истражување.