Свет

Ајатолахот што фрли фатва за САД добил грант за толеранција

Насер Макарем Ширази, еден од двајцата шиитски верски лидери што ги повикаа муслиманите да ја одмаздат смртта на Али Хамнеи, своевремено во Британија формирал добротворна организација и добил грант од 15.000 фунти за промовирање религиозна толеранција. Повикот за крвна одмазда на Хамнеи досега најжестоко одекна во Ирак и во Пакистан.

Преговорите како камуфлажа за почнување војна

Разни извори потврдуваат дека преговорите со Иран течеле добро и дека Техеран прифаќал и услови кои претходно, уште од времето на Обама, му биле неприфатливи. Па сепак Иран беше нападнат. Преговорите беа само маска, одлуката за војна е донесена неколку недели претходно а скриптата е позната со децении. Венс немаше што попаметно да каже па рече дека отстапките на Иран „не им мирисале добро“   

Хамнеи бил фатен на „сејф сити“

Иранскиот режим ги користел камерите за безбедност на сообраќајот во Техеран за да ги следи своите противници. Но, камерите пред години биле хакирани и од израелската служба Мосад, која будно следела сè на улиците. И кога во саботата специфична колона возила се паркирала пред резиденцијата на ајатолахот, биле лансирани проектилите што го убија Али Хамнеи.

Американците се против војната на Трамп во Иран

Војна на Трамп против Иран веројатно ќе го задоволи само Израел. Едвај една четвртина од Американците ја одобруваат неговата ризична воена авантура, покажува нова анкета. Токму падот на поддршката се толкува како една од причините зошто на САД и на Израел им се брзало да ја почнат војната, пред да им се затвори целосно „прозорецот“ на одобрување од јавноста.

Истокот гори, Западот се клади

Неколкумина коцкари заработиле стотици илјади долари од смртта на Али Хамнеи и од несреќата на Иранците. Непосредно пред да почне војната, се обложиле дека ајатолахот „повеќе нема да биде на власт“. Одлуката за нападот ја знаеле само најблиските соработници на Доналд Трамп и на Бенјамин Нетанјаху. Синот на Трамп е советник во кладилницата Полимаркет.

Џефри Сакс за Иран: Можна е светска војна

САД и Израел можеби се излажале во планот дека со бомбардирање и ликвидација на иранските лидери ќе го соборат режимот во Техеран и ќе воспостават целосна доминација на Блискиот Исток и во светот. Американскиот економист Џефри Сакс предупредува дека судирот може да прерасне во светска војна, бидејќи Иран дава силен отпор и има моќни сојузници.

Рекорден број повторувачи во основните училишта во Германија

Ако германската индустрија сака да се натпреварува со автомобилите и роботите од Кина, промените мора да почнат од основното образование. Нови податоци покажуваат дека рекорден број од над 41.000 ученици го повториле првото одделение. Ова е најизразено во средините со имигранти, каде што децата не одат во градинка и не знаат да зборуваат германски.

Британската влада шпионирала милиони луѓе во електрични автомобили

Милиони возачи на електрични автомобили во Британија со години биле следени од владата преку нивните мобилни телефони. Операторите O2, Tesco и Sky Mobile, доставувале до владата историја на сообраќајот на интернет и записи од апликациите ако било кој во колите барем еднаш месечно се најавувал на веб-страницата поврзана со електричните возила.

Како ултрабогатите ќаруваат милијарди со уметнички дела?

Освен што сведочат за педофилијата и уцените во кругот на американската и светската елита, досиејата на Епстин ја откриваат и стратегија со која ултрабогатите додаваат милијарди на своето богатство. Ремек-делата од сликари од рангот на Пикасо не само што им ги красат салоните во палатите, туку и им даваат пристап до заеми од стотици милиони долари.

По Америка, и Европа го бара скалпот на Франческа Албанезе

Експертката на ОН Франческа Албанезе обвинува европски земји дека се придружиле во обидите на САД да ја отстранат од позицијата само поради тоа што ги критикува израелските напади врз Газа. Нејзиното семејство поднесе тужба против администрацијата на Трамп, која ѝ ги блокира сметките за да ѝ го направи приватниот живот неподнослив. 

Шпанија нема капацитет да легализира половина милион мигранти

Планот на социјалистичкиот премиер Педро Санчез за масовна легализација на половина милион имигранти може да пропадне, зашто Шпанија нема капацитет да обработи толку многу барања. Канцелариите се преоптоварени со барања од лани, нема упатства за апликациите, а имигрантите им плаќаат на посредници да им обезбедат термини.

Ако дојде до светска војна, ќе биде нуклеарна

Уште од времето на Студената војна светот стравува дека целата планета може да отиде по ѓаволите ако некој непресметлив лидер го притисне „црвеното копче“ за нуклеарен напад. Но, вештачката интелигенција би била многу понемилосрден командант. При симулација на светска војна, модели со ВИ во 95% од случаите употребиле атомски бомби.

Како на Орбан да му се осигура победа за да се откаже од блокадите?

ЕУ не сака да ја темели својата поддршка за Украина врз очекувањата дека ќе се ослободи од Виктор Орбан со негов пораз на унгарските избори. До април Киев може да банкротира. Затоа Брисел разви нова тактика: ќе му даде поддршка на Орбан и ќе го отвори нафтоводот Дружба за да го убеди да го деблокира заемот од 90 милијарди евра за Украина.

Гејтс призна афери со Русинки, ама не му ги наместил Епстин

Бил Гејтс призна дека имал афери со две руски жени, но инсистираше дека тие не биле жртви на мрежата за проституција на Џефри Епстин. Извинувајќи им се на вработените од својата фондација, милијардерот изјави дека било „огромна грешка“ што се среќавал со Епстин и поради тоа што во неговиот круг вовлекол директори од фондацијата.

ФБИ тајно го следеле нивниот сегашен шеф

Како дел од операција насочена против Доналд Трамп и неговите соработници, ФБИ во времето на Џо Бајден тајно ги презел записите за телефонските јавувања на Кeш Пател и Сузи Вајлс. Актуелниот шеф на Федералното биро за истраги и шефицата на кабинетот на Белата куќа тогаш биле обични цивили. Документите за операцијата ФБИ ги криел во папки со натпис „забрането“.

Ќе се одважи ли Европа на директни разговори со Путин?

Со тоа што ригидно ги прекина односите со Кремљ, Европската Унија самата се дисквалификуваше како фактор за крај на војната во Украина и за иднината на односите на континентот воопшто. Во последно време, сепак, ставот на ЕУ не е униформиран. Макрон беше првиот што побара отворање канали за разговори со Путин, но Мерц и Калас се против.

Пензионер под истрага затоа што го нарекол Мерц „Пинокио“

Германската полиција покрена истрага против пензионер само затоа што на својот профил на Фејсбук ги нарекол канцеларот Мерц - „Пинокио“. Правни експерти ја оценија истрагата како „хистерично лудило“, а САД го запишаа случајот како уште еден пример од долгата низа на нарушувања на слободата на изразување во Германија.

Орбан ја крева армијата да ја брани Унгарија од украински саботери

Премиерот Виктор Орбан предупредува дека нападите од Украина врз неговата земја нема да запрат на блокирање на руската нафта преку нафтоводот Дружба. Најави дека со војска и полиција ќе ја зајакне безбедноста околу критичните центри на инфраструктурата, за да спречи обиди на украински саботери да го загрозат енергетскиот систем на Унгарија.

Наместо со пендрек, Зеленски ќе мобилизира со високи плати

Зеленски долго време ги отфрлаше како „руска пропаганда“ извештаите за присилна мобилизација на украинските регрути. Сега признава дека оваа стратегија за зајакнување на фронтот била катастрофална и најави преминување кон „рускиот модел“ – склучување професионални договори за воена обврска. Има само еден проблем – нема пари за плати и бонуси.

На LinkedIn уште душата му ја немате дадено

Корисниците на LinkedIn што сакаат да добијат „син знак“ за автентичност на профилот, всушност прифаќаат да ги споделат своите приватни податоци со американските власти и со 17 надворешни компании. Сè е детално објаснето со ситните букви од Политиката за приватност и Условите за користење - не на LinkedIn, туку на непознатата компанија Persona.

Деца од Косово и Албанија во мрежата на Епстин

Сибел Едмондс, поранешна преведувачка и аналитичарка во ФБИ, открива дека некои од најмрачните операции на мрежата на Џефри Епстин се случиле на Западен Балкан. Неговата мрежа го искористила повоениот хаос во Косово и Албанија за да воспостави масовна операција за трговија со луѓе и уцена, со клучни соработници од Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Како Канада стана посиромашна од Алабама?

Канаѓаните со неверување ја примија веста дека нивната економија е приближно еднаква на онаа во Алабама. Како е можно земја што е членка на групата седум најразвиени земји да се споредува со една од најсиромашните американски сојузни држави? Накусо: поради бирократијата и колебливоста. За утеха, животот на северот сепак е поквалитетен.

Сирија бара од Германија да почека со депортацијата на бегалците

Властите во Дамаск побараа од Берлин да не ги депортира веднаш назад сириските бегалци, кои по падот на режимот на Асад го изгубија правото на азил во Германија. Бараат повеќе време за реконструкција на домовите и инфраструктурата. Ова барање ја подели кревката коалиција на конзервативците и социјалдемократите во владата на Мерц.

Климатската корупција во ЕУ го руши легитимниот активизам

Граѓаните на ЕУ ја плаќаат климатската сметка од 8,8 милијарди евра иако таа е проследена со сериозен скандал: дел од тие пари биле пренасочени кон левичарските НВО-а да лобираат против  скептиците кон политиките на Урсул Фон дер Лејен. Дури и случајот на Ле Пен бледее во споредба со милионските злоупотреби на Брисел. Резултат: 70% од граѓаните на ЕУ се убедени дека нивната држава е корупирана.