Мозокот на 11 септември уште не бил на судење

Америка дочека да ја одбележи 25-годишнината од нападите на 11 септември, но човекот обвинет дека го испланирал заговорот сè уште не дочека да види судски процес. За него презумцијата на невиност значи 20 години да е зад решетки во Гавнтанамо. А и да стигне во судница, нејасно е што ќе разбере бидејќи мозокот најверојатно му е чорба.

Калид Шеик Мохамед мина две децении во американскиот воен притворен центар на Куба и иако судија неодамна одреди датум за судење – 5 јуни 2028 година –  адвокати сметаат дека случајот веројатно никогаш нема да заврши со пресуда.

Вакво невидено одложување на судска разврска се должи на неговиот третман после апсењето во 2003 во Пакистан. Според извештајот на американскиот Сенат, тој бил држен повеќе од три години на тајни локации  и бил подложен на тортура додека бил во притвор на ЦИА, вклучително и 183 случаи на „вотербординг“ (техника на симулирано давење, кога лицето се прекрива со пешки врз кој се истура вода).

Последен пат воен судија пресуди дека обвинителите не можат да ја користат наводната исповед што Мохамед ја дал пред ФБИ во 2007 година, бидејќи таа е компромитирана од „засилените техники на испрашување“.

 „Сè е оптоварено со политика и недостаток на одговорност за тортурата“, изјави Џошуа Дрател, адвокат кој помогна Мохамед да добие правно застапување.

Обвинет е за развој на планот и организирање на заговорот за нападите од 11 септември а префрлен е во Гвантанамо во септември 2006 година.

Блиски луѓе на некои од настраданите претпочитаат тој доживотно да скапе во Гвантанамо, попрво отколку да добие нешто помалку од смртна казна по што некоја идна администрација би можела да го размени за ослободување американски затвореници. 

Други пак стравуваат дека Калид Мохамед би можел да ја искористи судницата како платформа за изнесување екстремистички ставови со кои дополнително би ја радикализирал фан базата.

14 септември 2026 - 07:41