Јавното обвинителство во Берлин веќе со недели не може да испрати покани за почеток на издржување на затворски казни, се жалат вработени во оваа институција за Берлинер цајтунг. Поради низа процедурални проблеми и апсурдни регулативи, осудените лица кои треба да започнат со издржување на казната остануваат на слобода, иако има неискористени затворски капацитети.
Официјалното врачување на документи опфаќа широк спектар на акти во управни и судски постапки: на пример, тужбени барања, покани за судски рочишта, пресуди или налози за плаќање. Јавното обвинителство, исто така, е обврзано да врачува документи за заплена на имот и налози за присилна наплата. Меѓу обврските е и врачување известувања до осудените лица кога и на која затворска порта треба самите да се појават.
Поштарот што го доставува писмото мора да пополни потврда за врачување на две страници. Таа потоа се вложува во досието за извршување...
Ковертите за сите овие писмени известувања мора да бидат жолти.

Портпаролот на обвинителството, Алан Бауер, објаснува дека одделението за извршување налози се соочува со „привремен недостиг на залихи“ од службен канцелариски материјал. Обвинителството не води евиденција колку писма доцнат, односно колку криминалци што веќе требало да бидат во затвор се уште сè на слобода.
На 31 март 2025 година, Сојузното министерство за правда усвои измени во Уредбата за обрасци за врачување документи (ZustVV). Оттогаш, потврдата за врачување и внатрешниот плик содржат дополнително поле за штиклирање во делот „Напомени што треба да се почитуваат при врачувањето“. Уредбата стапи на сила на 1 август 2025 година, што значи дека надлежните органи имале 16 месеци да нарачаат нови обрасци.
Новите документи беа набавени навремено, пред крајниот рок. За жал, поради неочекувано големата побарувачка за документи за извршување, набавената количина се потроши по само две недели, објаснува Бауер.
Во меѓувреме биле нарачни уште коверти, но не пристигнале „веројатно поради големата побарувачка и кај другите надлежни органи во истиот период.“