Свет

Светот денес не е ништо подобро подготвен за пандемија

Пет години е пристоен временска период за да се направат анализи колку ефикасно светот реагирал на пандемијата на коронавирусот. Заклучоците не се охрабрувачки. Во некои елементи сме постигнале успех. Но, не сме кој знае колку подготвени за ефикасна одбрана од агресија на некој нов патоген. Прашање на време е кога тоа ќе се случи. Човечката историја е историја на пандемии.

Лева Данска ја разбира десна Америка

Данската премиерка Мете Фредериксен призна дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс „имал поента“ за миграцијата, детектирајќи ја како битно прашање. Фредериксен објасни дека неконтролираната масовна миграција влијае на локалните заедници, на безбедноста и на пазарите на трудот, а ефектите од тоа најакутно ги чувствуваат ранливите популации.

Инвестиции во образованието, не во министерство

Министерството за образование на САД е пред укинување зашто не ја изработило домашната задача заради која било формирано пред 45 години. Стотиците милијарди долари вложени во него завршиле во бунар, зашто учениците денес немаат поголем успех од пред половина век, а состојбата на училиштата е лоша. Трамп бара парите да бидат вложени по директни канали во ефикасно образование.

Даночни битки за задржување на младите

Отворените граници им овозможуваат на европски таленти да гравитираат кон север, каде што платите се повисоки. Во обид да ги задржат младите, како најголемиот ресурс на секоја нација, европски земји почнаа да нудат големи даночни олеснувања. На континентот што забрзано старее, ползата е повеќекратна: се јакне економијата, се зголемува компетитивноста и се намалува товарот од пензискиот систем.

Сорос и Гејтс ја подмачкуваат пропагандната машина против Трамп

Медиуми ја проширија веста дека САД се допишани на „глобалната листа за набљудување на човековите права“ поради политиката на претседателот Трамп. Меѓутоа, она што не го објавија е дека групата што го составува списокот зема милиони долари од многу политички противници на Трамп, вклучувајќи ги филантропите Џорџ Сорос, Бил Гејтс и Фондацијата Форд.

Банкарски картел во име на климата

Тешко е да се најде индустриски сектор што е помалку „воук“ од банкарството. Но, Нов Зеланд отвори истрага поради сомневањата дека банките здружени во „нет-зеро“ сојуз координирано наметнувале оптоварувачки услови на земјоделски, енергетски и рударски компани, од кои барале да бидат позелени, со што дејствувале како картел.

Европа ќе мора да научи да живее без субвенции од САД

Трансатлантските медиумски авторитети панично и неуко се мачат да им објаснат на Европејците дека дошло времето самите да си ги плаќаат сметките за одбрана. Мат Таиби ги советува да бидат искрени: Ако сакаат војска, ќе мора да се задолжуваат и да се откажат од бесплатните студии и социјалната помош. Како што досега правеле Американците додека ја плаќале одбраната на Европа.

САД протерале француски академик поради критики за Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс среде Минхен ѝ одржа лекција на Европа дека не може да се брани ако ја задушува слободата на говор. Три недели подоцна САД протеруваат француски академик само поради тоа што во телефонот му нашле пораки во кои ја критикувал политиката на Трамп. Му „простиле“ и не го обвиниле за тероризам.

Гринпис казнет со 650 милиони долари поради блокада на нафтовод

Еколошката група Гринпис е казнета со отштета шест пати повисока од нејзиниот буџет поради организирање блокада на нафтовод и ширење дезинформации за градежниот проект. Групата реагира дека правната битка тукушто почнува. Пресудата ја отфрла како уништување на уставно гарантираните права за мирен протест и слобода на говор.

Заедничкото задолжување создава нова Европска Унија

Притисокот од Доналд Трамп целосно го промени мајндсетот на Европа. Штедливата Германија сега инсистира на големи задолжувања за да се задвижи економијата. Брисел бара огромно задолжување за одбрана, поголемо од воениот буџет на Русија. Европа прилега на САД од пред два века, кога политиката на консолидирање на долговите навистина ги соедини американските држави.

Внимавајте на генерацијата што созреа во карантин

Во периодот на пандемијата и карантинот цела генерација на прагот на зрелоста доживеа колективна и наметната реалност во која секое правило стана бесмислено и авторитарно во име на закана што воопшто не ги засега. Тие деца созреваа со интернетот како единствен пријател и прозорец кон светот. Некои од нив очекуваа дека тој свет ќе продолжи. Други му пркосат.

ЕУ ги блокира САД и Британија за вооружување

Голем пресврт во одбранбената политика на Европската Унија. На стратегиските партнери и водечките производители на оружје, пред сè на САД и на Британија, им е блокиран пристапот до идниот фонд за вооружување на Европа, освен ако не потпишат посебен пакт со Брисел. Во меѓувреме, ЕУ слободно ќе може да троши пари од фондот за оружје произведено во Македонија.

Пентагон сака да се ослободи од 60.000 службеници

Кампањата на Трамп за кратење на државните трошоци маршира со забрзан чекор. Секретарот за одбрана Пит Хегсет смета повеќе од 50.000 цивилни службеници за непотребен товар од кој Пентагон може да се ослободи, а притоа да не биде загрозена безбедноста на САД. Тоа се едвај 5% од армијата административци без воена униформа. 

Мистеријата на атентатот врз ЏФК остана скриена меѓу редови

Во новите документи на десетици илјади страници за убиството на Џон Ф. Кенеди не е пронајдено ништо што би ги поткрепило приказните за втор стрелец или за вмешаноста на ЦИА, СССР, Куба или мафијата во атентатот. Има некои нови детали за атентаторот Ли Харви Освалд, но убиството на ЏФК ќе остане мистерија и вечна инспирација за теории на заговор.

Уапсен главниот политички ривал на Ердоган

Се засилува прогонот против популарниот градоначалник на Истанбул со цел да биде елиминиран од претседателските избори. Новото обвинение за Екрем Имамоглу дека поддржувал терористичка група е досега најсериозното. Пред два дена му беше поништена и дипломата, за да не може да се кандидира во 2028 година. Не може ни Ердоган, освен ако не го заобиколи Уставот.

Десницата сака слобода на говор... додека не се спомне Палестина

За конзервативната класа нема поважно прашање за нивната кауза од „одбраната“ на слободата на говорот. Но, додека режимот на Трамп е на пат да протера Палестинец што е постојан жител на САД само врз основа на неговиот политички израз, многумина од тие борци за слобода на говорот ја сменија песната.

Трамп-Путин: Мал чекор кон мирот во долг телефонски разговор

Се излажаа оние што очекуваа дека Трамп и Путин во првиот телефонски разговор ќе договорат мир во Украина, ќе ѝ ги прекројат границите и ќе ги поделат рудните богатства. Тоа ќе биде долг и напорен процес. Има надеж и за билатералните односи. Додека војници гинат на фронтот, Трамп и Путин разговарале како Америка и Русија да се спријателат со хокеарски натпревари.

Кошмарот се врати во Газа

Израел на најбрутален начин го прекина примирјето во Газа - со жестоки бомбардирања во кои загинаа повеќе од 400 луѓе. За Палестинците тоа е враќање во пеколната спирала на смрт, талкање, борба за вода, храна и лекови, крај на последните трошки надеж дека во Газа може да се врати мирот пред да биде целосно уништена. За преостанатите 59 израелски заложници на Хамас, тоа е смртна пресуда. 

Прашање од 300 милијарди долари: Што со замрзнатите руски пари?

Милијардите што ѝ ги замрзнаа на Русија, европските земји ги чуваат како „златна кокошка“ за да го полнат фондот за реконструкција на Украина. Британија и ЕУ сега бараат да ја запленат и главнината и да ја потрошат на одбраната. Како да забораваат дека парите се туѓи, без оглед дали се руски. И дека никој потоа нема да има доверба да чува ни цент во Европа.

Американски генерал ја советува Швајцарија: Спремете се за војна

Алпите се далеку од Русија но, поранешен командант на американските трупи во Европа ја советува Швајцарија итно да се подготви за војна. Повлекувањето на Американците значи смрт за НАТО. Збунетата Европа има потенцијал самата да се одбрани од експанзионистичките закани од Русија, но ѝ недостасува политичка волја.

Хрватски експерти: Кај нас мала е веројатноста да се случи Кочани

Да се избегнат трагедии е невозможно, но затоа постојат начини, средства и механизми, веројатноста за нив да биде сведена на минимум. Хрватски експерти ја смируваат тамошната јавност дека мали се шансите за кочанско сценарио во нивен ноќен клуб. Како? Со ригорозни мерки и проверки. 

Маск: Демократите со 200 милијарди долари „купуваа“ гласови на илегални имигранти

Илон Маск ги обвинува демократите дека масовно увезувале илегални мигранти, ги легализирале и ги правеле зависни од социјална помош за да ги купат нивните гласови и да се бетонираат на власт. За создавање на „социјалистичка држава“ преку владини програми и биле инвестирани стотици милијарди долари.

Кој тоа потпишувал со автоматското пенкало на Бајден?

Претседателот Трамп попусто ги оспорува масовните помилувања од Џо Бајден зашто биле потпишани од машина. Тие се легални и со автоматски потпис. Но, Трамп отвора важни прашања што заслужуваат истрага: Дали Бајден воопшто знаел што сè се потпишува во негово име и во чии раце било автоматското пенкало?

Затворите сведочат за подемот на албанските наркобанди во Британија

Албанските мажи се убедливо најистакнатата национална категорија меѓу затворениците во Англија и во Велс, покажува анализа на порталот MailOnline. Опозицијата бара да се вкрстат податоците за вкупниот број на мигранти и странски престапници за да се создаде појасна слика за ситуацијата и да се насочи поефикасно политиката за визи и депортирање.