Свет

Затворите сведочат за подемот на албанските наркобанди во Британија

Албанските мажи се убедливо најистакнатата национална категорија меѓу затворениците во Англија и во Велс, покажува анализа на порталот MailOnline. Опозицијата бара да се вкрстат податоците за вкупниот број на мигранти и странски престапници за да се создаде појасна слика за ситуацијата и да се насочи поефикасно политиката за визи и депортирање.

Ризикот и заблудите на новата воена економија на Европа

Одеднаш, буквално секој европски лидер се приклучи на култот за зголемување на трошоците за одбрана и зајакнување на индустријата за оружје. Динамиката има потенцијал брзо да ескалира и да излезе од контрола. Последниот пат кога европските држави тргнаа во вооружување бевме на добар пат кон светска војна, забележува аналитичарот Френк Фуреди.

Трамп ги укинува „Гласот на Америка“ и уште седум агенции

Американското радио што своевремено контрираше на нацистичката и на комунистичката пропаганда низ светот, од неделата емитува само музика. Канцелариите се заклучени. Трамп нареди дека Америка повеќе не може да си дозволи сервис што троши 267 милиони државни долари за да шири „радикална левичарска пропаганда“.

Кина не се плаши од Трамп

Кинезите неочекувано благо, па дури и со симпатии го прифаќаат вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Креаторите на политиката во Пекинг засега само ја набљудуваат „Американската културна револуција“. Додека го чека своето време, Ши ќе калкулира дали таа води кон глобален поредок што е во интерес на Кина.

Војна од нов тип во урнатините на Газа

Примирјето во Газа не значи дека завршиле страдањата за Палестинците. Околу нив сега не пукаат бомби, туку тавани и ѕидови на полуразурнатите згради. Оние што се вратиле на северот, не можеле да ги препознаат ни улиците, камо ли домовите. Израел го блокира доставувањето шатори и хуманитарна помош. Огнот прекина, но војната продолжува.

По Трамп, гасовите и не се толку многу штетни

Администрацијата на Трамп ги демонтира строгите регулаторни филтри од оџаците и ауспусите поставени во времето на Бајден и Обама. Се ревидираат десетици мерки и ограничувања за загадување, за кои се тврди дека биле „агенда за уништување на индустријата и бизнисот“. Еколозите реагираат дека поблагите мерки ќе бидат катастрофални за здравјето.

Либералите тврдат: Левичарски невладини ја управуваат Германија

Невладините организации диктираат кој и што може да каже во Германија, а фрлаат кал врз секој што зборуваат „непријатни вистини“, тврди либерална пратеничка и не очекува промена на подобро. Конзервативците победија на изборите со ветување дека ќе ја проверат работата на невладините. Тоа не го дозволуваат социјалдемократите, без кои нема влада.

Берлин со години знаел дека ковид излегол од лабораторија

Прво беше коронавирусот дошол од кинески пазар на животни, па со години беа анатемисувани и етикетирани сите што спомнуваа лабораторија. Потоа беше пола-пола. Па повеќе беше лабораторија отколку лилјак. Германските разузнавачи и кабинетот на канцеларот одамна го знаеле одговорот. Ама го чувале во фиока.

Трендови во европската индустрија: Зеленото станува сивомаслинесто

Премиерот Кир Стармер веќе обелодени дека шанса за папсаната британска економија гледа во воената индустрија и можностите што за неа ги отвора војната во Украина. И во Германија се најавува сличен развој на настаните. Стигна галантна понуда: наместо автомобили, во фабриките на „Фолскваген“ да се прават тенкови.

Во американската војска се враќаат мускулите а излегуваат квотите

Заврши „воук-распустот“ во американските касарни. Шефот на Пентагон ги заострува стандардите. Бара војниците да се постројат во фискултурните сали и да набијат кондиција. Ќе треба и да се спремат и за утрински смотри: потстрижени и избричени. За да заличат на вистински војници.

Дали американските лекари ќе се изборат за слобода на говор?

Ако има една работа во која се истакнува модерната ера, тоа е да се погрижи да не им е удобно на оние со непопуларни мислења. Само прашајте ги лекарите кои сега го изнесуваат својот случај пред Врховниот суд, откако медицинскиот одбор на Калифорнија одлучи дека нивните ставови за ковид-19 не заслужуваат дебата, туку дисциплинска постапка.

Од нафтата во Британија се збогатија компаниите, а во Норвешка државата. За граѓаните ни капка

Кога пред половина век во Северно Море беа откриени огромните резерви на нафта, Тачеровска Британија им ја даде нафтата на приватници и сега ги собира „трошките“ од профитот. Норвешка, пак, го претури богатството во огромен државен фонд и заработува 45 пати повеќе. И во двата случаи, за обичните граѓани не остана ништо.

Во УСАИД масовно се уништуваат доверливи документи

Гардијан дошол до меил кој покажува дека на началството на УСАИД му се брза да ги уништи сите доверливи документи пред да им биде удрен печат на отказите и да бидат зачистени канцелариите. Законот налага документите да завршат во архив, на увид на јавноста или како докази за истраги. Ама: „Ако ви снема вреќи за палење, само побарајте“, порачала извршната секретарка Ерика Кар.

Амазонска прашума жртвувана за самит за климатски промени

Бразил го поплочува патот до самитот за климатски промени со трупци од илјадници исечени заштитени дрвја. Багери ја расчистуваат амазонската прашума за да можат светските лидери, кога во ноември ќе се возат до самитот КОП30 во Белен, да се восхитуваат на убавината на дрвјата што преживеале.

УСАИД плаќал Џеј Ди Венс да биде оцрнет како руски пропагандист

Американскиот претседател реши да ја скастри УСАИД поради апсурдни трошоци низ светот. Но, Трамп ја испушти можеби најскандалозната операција: УСАИД финансирала и обучувала украински групи да прават црни листи на кои американскиот потпретседател, членови на Конгресот, истакнати новинари се етикетирани како „странски пропагандисти“, пишува Грејзон на Макс Блументал.

Општа чистка на службеници во Министерството за здравство на САД

Од десетици илјади здравствени работници во Америка е побарано до петок самите да дадат отказ. Министерот Кенеди би ги отпуштил сите. Директивата на претседателот Трамп за кастрење на јавни службеници е јасна: Подобро е да кратат министрите. Ако не можат, ќе скрати Илон Маск.

Украина е буниште за старо и расипано европско оружје

Европа се фали дека ѝ испраќа воена помош на Украина. А, на фронтот испраќа старо и неупотребливо оружје, она што се нашло во магацините при генералното чистење. Наместо да го уништат, ја користат Украина како отпад, а залихите се полнат со нови договори со одбранбената индустрија.

Лос Анџелес не знае каде завршиле парите за бездомници

Американски федерален судија наредил да се изврши независна ревизија за тоа како градот и округот Лос Анџелес ги трошел парите наменети за бездомници. Се работи за милијарди долари бидејќи тоа е еден од главните проблеми на градот во кој се проценува дека има околу 80.000 бездомници. Ревизијата заклучила: Лос Анџелес не знае и нема начин да дознае.

Европа има помалку бебиња и постари мајки

Прекарот Старата Дама сè повеќе ѝ прилега на Европа. Жените доцна стануваат мајки, Италијанките на возраст од речиси 32 години. Проекциите се дека земјите од Европската Унија ќе стареат уште побрзо и до крајот на векот ќе изгубат 152 милиони луѓе, ако демографската дупка не се пополнува со имиграција.

Работи што не се кажуваат: НАТО е клинички мртов

Европа доби уште една, никогаш подиректна, порака дека повеќе не може да смета на американска заштита. Иако сè уште никој не го кажал тоа, НАТО е клинички мртов, со сè помалку шанси да закрепне. Европската Унија мора да направи нова стратегија, кога ќе најде одговор на прашањето: Од кого сака да се брани? 

Како САД да ја избегнат судбината на Европа

Споредбата меѓу Европа и САД е стара и неуморна дисциплина. Еконономските бројки обично се на страната на Америка но европскиот модел на социјална безбедност и здравствена заштита се смета за супериорен во однос на бруталниот капитализам отаде океанот. Њујорк пост имаат интересна дијалошка форма на оваа тема, при што „Америка“ ја брани „Шведска,“ а Шведска вика, не е тоа баш така.

Гугл е следниот за испрашување во Конгресот

Сослушување на Алфабет е следната епизода од „крстоносниот поход“ на републиканскиот конгресмен Џим Џордан против социјалните платформи за кои смета дека ги цензурирале конзервативните гласови за време на Бајден. Мета по сослушувањето ја промени својата политика за слободата на изразување.

Израелски ВИ го следи секој палестински збор и издвојува закани

Израелските разузнавачки служби креирале алатка слична на ЧатГПТ и ја нахраниле со секој збор што Палестинците го кажале по телефон или како порака. Препознава локален говор и дијалекти. Самата ги следи и ги анализира комуникациите, открива „гнев“ или „нагон за убиство“ и етикетира закани. Понекогаш нагаѓа.

Британските пензионери ќе смрзнат додека пополнат барање за огрев

Британските власти издвојуваат средства за поддршка на ранливите категории граѓани и им нудат поволни кредити, а потоа го блокираат пристапот со висок бирократски ѕид. Каква социјална помош е да се бара од луѓе во возраст кога ги напушта силата и видот да одговорат на 450 прашања за да добијат помош  за огрев?