Министерот за образование на канадската провинција Нова Шкотска тврди дека родителите не заслужуваат право да решаваат за своите деца и дека државата има право да интервенира во семејствата. Не само во случаи на семејно насилство.
Проклет да сум ако слушам дека родителите заслужуваат права врз детето. Не, немаат. Апсолутно не, изјави пред собранието на Нова Шкотска министерот Брендан Мегваер.
На собраниската дебата тој ги бранеше политиките на јавните училишта да ги поттикнуваат децата слободно да го избираат родот, како и државното финансирање на третмани и операции за промена на пол кај малолетници, без да се добие согласност од родителите.
Канада уште во 2014 година ја почна иницијативата за поттикнување на родовата идеологија во јавните училишта, без да бара согласност, па дури и без да ги информира родителите.
Согласно документот „Упатства за поддршка на трансродови и родово неконформни ученици“, за ученици од 7 до 12 одделение не е потребна специфична согласност од родителите за употреба на претпочитани заменки и за слободен избор на родов идентитет.
Канадските власти тврдат дека ова ја развива самоидентификацијата и доверливоста на ученикот со цел да биде заштитено од потенцијална штета во својот дом.
Во 2025 година Нова Шкотска се откажа од ажурирање на упатствата и ги вгради во поширок училишен кодекс на однесување. Граѓаните немаат право на глас за овие политики и тие практично се наметнати од бирократијата.
Политиките на Нова Шкотска против родителските права се протегаат и на грижата за потврдување на полот, вклучувајќи блокатори на пубертетот и хормони за малолетници. Ова се јавно финансирани третмани без строги минимални ограничувања на возраста. Право на нив имаат децата на почетокот на пубертетот (обично на возраст од 8 до 14 години).
Родителите не мора да бидат информирани дека се спроведуваат овие третмани и на училиштата им се дозволува да ги кријат информациите.