Неодамнешните коментари на претседателот Трамп за папата Лав XIV папа биле сфатени од разузнавачката заедница како директива за давање приоритет на шпионирањето на Ватикан“, пишува американскиот истражувачки новинар Кен Клипенштајн.
Активирани се шпионите уфрлени во Ватикан пред години, а во кампањата се вклучени повеќе американски државни институции, вклучувајќи ги ФБИ и Стејт департментот.
Шпиони на ЦИА работат во бирократијата на Светата столица. НСА и ЦИА се стремат да пресретнат телекомуникации, е-пошта и текстуални пораки. ФБИ истражува злосторства поврзани со Ватикан. Стејт департментот внимателно ги следи сите детали од дипломатијата и политиката на папата, забележува Клипенштајн, повикувајќи се на анонимни извори.
Тој тврди дека на шпионирањето е подредена и соработката за национална безбедност и кибернетска заштита помеѓу САД и Ватикан.
Поголем дел од оваа соработка е автентична, но исто така служи како маска за тајно собирање разузнавачки информации, пишува новинарот.

Првата администрација на Трамп се обиде да ја зајакне координацијата со италијанските разузнавачки агенции и претставници на Ватикан за работи како што се кибернетската безбедност, криминалот во администрацијата, трговијата со луѓе, кражбата на уметнички дела и други прашања. Еден конкретен проект беше да му се помогне на Ватикан активно да ги спречи кибернетските упади во неговите мрежи.
ФБИ, исто така, редовно му обезбедува на папата разузнавачки информации за закани при неговите патувања.
Клипенштајн пишува дека зајакнатите шпионски активности се директна последица на тензиите помеѓу Трамп и Светата столица.
Папата Лав е слаб во однос на криминалот и ужасен за надворешната политика. Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Не сакам папа кој мисли дека е ужасно што Америка ја нападна Венецуела, земја која испраќаше огромни количини дрога во САД... И не сакам папа кој го критикува претседателот на САД, објави Трамп.
Папата претходно ја критикуваше војната на САД и на Израел против Иран и ја отфрли како неприфатлива заканата од Трамп за „уништување на цела цивилизација“. Тој порача и дека „мал број тирани владеат со светот“, но објасни дека овој коментар не бил директен напад врз Трамп.
Во меѓувреме, десетици американски конгресмени побараа истрага поради поплаки од офицери дека воените команданти ја прикажуваат војната против Иран како „божествено предодредена“ и поврзана со библиските пророштва, вклучувајќи ги и тврдењата дека Трамп бил „помазан од Исус“.