Новото упатство до градинките е во согласност со програмата на владејачките лабуристи да го направат Велс „антирасистичка нација“ до 2030 година. Во документот се истакнува дека „никогаш не е прерано“ да се разговара со децата за бојата на кожата и дека на децата треба да им се кажува за „убавината и сложеноста на меланинот“.
Од негувателите се бара да се јават на во полиција ако бидат сведоци на „расистички инцидент“ кој би можел да се смета за злосторство од омраза. За екстремни случаи, треба да го пријават инцидентот преку телефонот 999 на итната служба. За поблагите, треба да ги евидентираат сите детали и да преземат „релевантни мерки“ во соработка со полицијата.
Ако инцидентот не претставува „злосторство од омраза“, вработените во градинките може да преземат други чекори како „поддршка во воспитувањето соодветна на возраста за сторителот“. Доколку ова „наиде на отпор“, на воспитувачите им се советува да постапат по „дисциплински мерки“ опишани во дијаграм.
Вработените во секторот за грижа за деца, игра и рана возраст во Велс работат со деца на возраст до 12 години, вклучувајќи бебиња и мали деца. Возраста за кривична одговорност во Велс е 10 години.
Покрај пријавувањето инциденти, од управителите на градинките се бара и да го проверат инвентарот во просториите за деца за да осигураат дека играчките, куклите, книгите и постерите се „соодветно разновидни“ и со „видлив антирасистички став“.
Погрижете се вашиот антирасистички став да биде видлив на вашите изложби, прослави, постери, табли за добредојде, реклами, грицки, книги, музика, игри со улоги и облекување, играчки и други ресурси. Користете го овој опсег на ресурси секојдневно за да им дадете можност на децата да ја истражуваат различноста на позитивен, поддржувачки и разигран начин, пишува во упатството.
Упатствоте е вклучен во поширок документ изработен од организацијата Разновидност и антирасистичко професионално учење, со седиште на Универзитетот Метрополитен во Кардиф. Велшката влада во во 2021 година го одобри наставниот план на организацијата и ѝ додели повеќе од 1,3 милиони фунти.