Свет

Германци си го бараат назад златото од Америка

Откако Трамп најави дека сака да ја преземе командата врз Форт Нокс и неговите трезори со злато, на  Германија ѝ текна дека потребна ѝ е директна контрола врз златното покритие за нејзините задолжувања. Конзервативци од Берлин побараа веднаш да се приберат златните резерви во Франкфурт, или барем да се избројат прачките една по една – околу 100.000.

На Американците ќе им поскапат кафето, патиките и телефоните

Во очекување на „златната ера“ што им ја вети Трамп на Денот на ослободувањето, Американците ќе мора да се воздржат од купување странски производи или ќе ги плаќаат поскапо. Од кафе, чоколадо и до пиво, до автомобили и мобилни телефони. Ќе поскапат и играчките, па дури и ситниците од онлајн-каталозите на Тему, кои по 2 мај повеќе нема да бидат ослободени од царини и даноци.

Тарифите на Трамп го исполнија светот со гнев и песимизам

Реакциите на тарифите на Трамп се преполни со гнев, разочарување, најави за контрамерки и песимистички сценарија за општа трговска војна и глобална рецесија. Малкумина се охрабруваат да забележат дека царините се обид да се најде излез од распаднатиот меѓународен економски модел и од презадолженоста што неминовно водат во рецесија и депресија.

Збогум за глобализацијата, добредојде за рецесијата

„Кога Америка ќе кивне, целиот свет крева температура“, вели поговорката што го опишува сложеното преплетување на економиите по Втората светска војна. Со Денот на ослободување на Америка, Доналд Трамп става крај на ерата на глобализација и мошне веројатно ја турка глобалната економија во рецесија. Вол стрит упорно верува дека многу тарифи сепак ќе бидат „испеглани“.

Маск наскоро си заминува од Белата куќа

Добра вест за оние што не ги трпат сеприсутноста на Илон Маск во Белата куќа, неговото кратење на непотребните федерални трошоци и бирократијата и влијанието што го има врз претседателот Трамп. Милијардерот ќе си замине кога ќе му заврши мандатот, некаде при крајот на мај, тврдат извори на Политико. Трамп би го задржал, но Маск веќе објави: „Мојата мисија е речиси завршена“.

Трамп ја обединува Азија против себе

Истата закана – тарифите што ги најави Доналд Трамп, ги притиска да се здружат трите водечки азиски економии, кои се традиционални противници. Јапонија балансира, Јужна Кореја е растргната од домашната криза, а Кина се најде во необична позиција во која до неодамна беа САД, да промовира слободна трговија и да има проблем со сопствените агресивни воени игри околу Тајван.

Воена економија: Европа го менува мировниот менталитет

Русија и Украина преминаа кон „воена економија“, која подразбира централизирано пренасочување на ресурсите кон одбранбената индустрија, промена на приоритетите и поголеми задолжувања за да се обезбедат пари за тоа. Големите вложувања и трошоци сведочат дека и Европа ја засилува борбената готовност, и дека веќе е во рана фаза на воена економија.

АфД го распушти подмладокот за да не ја забранат партијата

За да ја избегне судбината на Марин ле Пен во Франција и на Калин Георгеску во Романија, германската десничарска партија АфД реши да им ги блокира на властите сите обиди да ја забранат. Се простува од своето младинско и уште порадикално крило, кое не е регистрирано и е запишано како „потврдена екстремистичка група“ во тефтерите на Канцеларијата за заштита на Уставот.

Нови сведоштва за живите штитови и злосторства во Газа

Кога израелски ветерани страдаат од „морални рани“ од гнасни тактики во Газа, како ли им е на палестинските цивили од живиот штит принудени да бараат бомби во куќи, или на оние на кои без причина им ги палат домовите? Нечистата совест натерала уште еден израелски војник да раскаже за воените злосторства што бил принуден да ги спроведе. Генералите категорично го демантираат.

Во трговската војна со САД, Европа нишани врз Вол стрит и Силициумската долина

На американските царини за европски челик, Брисел одмерено возврати со тарифи за чопери „Харли Давидсон“ и бурбон од Кентаки, со надеж дека ќе избегне општа трговска војна. Сега, кога Трамп на „Денот на ослободувањето“ воведува царини за целиот свет, Европа предупредува дека може да удри таму каде што најмногу би ги заболело САД - врз технолошките и банкарските гиганти.

Германија го остава минатото зад себе и се спрема за војна

Соочени со заканата од Русија и свесни дека Американците повеќе нема да бидат тука да ги бранат, Германците полека ја напуштаат пацифистичката матрица во која беа воспитувани. Тоа само по себе нема да ги пополни празните касарни. Највисокиот генерал Карстен Брејер повикува да се побрза со регрутирање, зашто војната и мирот не зависат од Берлин, туку од Москва.

Француската десница најавува борба и мобилизација

Марин Ле Пен е судски ампутирана од политичкиот живот и од можноста конечно да истера  успешна кандидатура на претседателски избори во Франција. Нејзиниот најверојатен наследник ја повикува француската десница на мирна мобилизација за да покажат дека волјата на народот е посилна од диктатиурата на судиите. Орбан, како и Додик, кој се доживува како сличен паталец, напишаа „Je suis Marine“.

Венс може да биде Тројанскиот коњ за трет мандат на Трамп

Доналд Трамп само што го почна вториот мандат, а веќе размислува и на трет, иако Уставот го спречува повторно да се кандидира. Една од идеите е да се примени руското сценарио на рокадите Путин-Медведев на главните функции во Кремљ. Билетот „Венс-Трамп 2028“ засега е само можност, но ако светот научи нешто во изминатите 70 бурни денови, тоа е дека Трамп навистина не се шегува.

Се спрема терен за политичка елиминација на Марин Ле Пен

Судска одлука за разрешување маргинален избран функционер на далечниот остров Мајот поттикна правни расправи во Париз дали пресудата може да послужи за елиминирање на опозициската лидерка Марин Ле Пен од трката за претседател на Франција. Ништо чудно. Сценарија на отстранување кандидати пред да победат на избори веќе видовме во Романија и во Истанбул.

Пилата на Хавиер Милеи дава резултати

Мавташе со тоа пилата, изведуваше егзибиции, кинеше министерства и трошоци, ги нарекуваше политичките противници паразити и пијавици, ама, политиката му брка работа. Светските аналитичари му предвидуваа пораст од 4,7% но аргентинската економија сега расте со 6,5%. Во меѓувреме, суверенистот Хавиер Милеи веќе не е гадлив на глобалните пари па бара заем од ММФ.

Климатските промени повеќе не се закана за безбедноста на САД

Американските разузнавачки агенции 11 години трошеле пари, ресурси и луѓе на донкихотска борба со климатските промени. Дури и во првиот мандат на Трамп. Апстрактниот противник повеќе не се смета за закана. Шефицата на разузнавањето Тулси Габард објави дека шпионите и агентите отсега ќе се фокусираат на реалните противници на безбедноста и националните интереси на САД.

Русија нуди нуклеарен погон за лет на Спејс Икс до Марс

Откако му прснаа две ракети на Спејс Икс на лансирните рампи, Илон Маск доби конкретна понуда од неочекуван извор за да го оствари својот сон да го колонизира Марс. Од Мурманск. Русија понуди свој нуклеарен реактор што би му помогнал на американскиот вселенски брод Старшип да летне кон Марс до крајот на оваа деценија. Маск ја оцени понудата како „интересна“.

Избори по ново во САД: Немаш државјанство - нема гласање

За да купат пиво Американците мора со личен документ да докажат дека се постари од 21 година. Никој не им бара лична карта за да гласаат. Трамп нареди право на глас да имаат само оние со потврда дека се државјани на САД, што е проблем за 21 милион Американци без таков документ. И повеќе да не се важат гласовите по пошта што пристигнале по затворањето на гласачките кутии.

ФБИ против урбаните терористи што уништуваат Тесли

Нападите врз возилата Тесла низ Америка повеќе не се само изолирани вандалства како израз на гнев кон Илон Маск. Салони изрешетани со куршуми и молотови коктели фрлени врз станици за напојување се сериозни акти со димензија на домашен тероризам. ФБИ состави специјален тим за пресметка со новиот тип урбани терористи. Тревога е прогласена за в сабота, кога е најавен протест против Тесла во 500 градови низ САД.

ББЦ ги пронајде „исчезнатите“ Бугарки од руската шпионска мрежа во Британија

Репортери на ББЦ тврдат дека ги пронашле двете бугарски китки што недостасуваат од рускиот шпионски венец во Британија. Цветка работи на аеродромот во Софија, позната им е бугарските служби за безбедност, но нема обвинение. Цвета во Виена била сослушана, но ја пуштиле на слобода како „интегрирана“ мигрантка. Па има ли некој поинтегриран во општеството од шпион?

Украинска дилема: Увоз на 8 милиони печалбари или демографска катастрофа

Додека Европа крева ѕидови за да се заштити од мигранти, Украина мора да прими милиони работници од земји како Бангладеш и Непал за да има кој да ѝ го задвижи стопанството. Војната предизвика егзодус од 6 милиони луѓе, главно работоспособни. Украинците сега бараат решение како да ја пополнат демографската празнина, а притоа да не останат малцинство.

САД споделиле со новинар строго доверлив воен план

Новинарот Џефри Голдберг од Атлантик си помислил дека е жртва на некаква „скриена камера“ кога телефонот му заиграл со пораки од највисоките безбедносни функционери додека договарале супертајна воена операција. Дури кога американските сили неколку часа подоцна навистина удриле со проектили врз хутите во Јемен, сфатил дека случајно бил поканет за сведок на најголемото пробивање на безбедносната комуникација на Белата куќа.

Топењето на мразот го загрева апетитот за Гренланд

Поради топењето на глечерите и на вечниот мраз, на виделина се појавува сè поголема копнена површина од Гренланд. Ете уште една причина повеќе за Трамп да го анектира најголемиот остров на светот. Научниците, сепак, предупредуваат: Новото копно што се отвора е крајно нестабилно за дупчење нафта и копање ретки минерали.

Светот денес не е ништо подобро подготвен за пандемија

Пет години е пристоен временска период за да се направат анализи колку ефикасно светот реагирал на пандемијата на коронавирусот. Заклучоците не се охрабрувачки. Во некои елементи сме постигнале успех. Но, не сме кој знае колку подготвени за ефикасна одбрана од агресија на некој нов патоген. Прашање на време е кога тоа ќе се случи. Човечката историја е историја на пандемии.