Свет

Без Американци, малку незгодно да си про-американски

"Што и да се случи, останувам во мојата татковина," храбро порача синот на најпопуларниот лидер на отпорот против талибанците во Авганистан. Неполн месец подоцна, Ахмад Масуд здувна во Таџикистан.

Полска ќе тера инает со ЕУ по цена до 500.000 евра на ден

Владата на Полска нема да го затвори рудникот за јаглен Туров, ниту придружната електрана, затоа што тие се клучни за енергетската безбедност на земјата, без разлика на барањата, спорот и казните од ЕУ од 500.000 евра за секој ден што Туров е во погон.

Како талибан да стигне во рајот во мирно време?

Навикнати на битки и војувања, талибанците имаат проблем да се навикнат на новите, далеку поприземни обврски кои ги имаат и кои, меѓу другото, не нудат шанса да се дигнеш во воздух и заради тоа директно да одиш во рајот кај што те чекаат девиците.

Во Мелбурн се здробија од тепање

По неколку недели главно викенд протести против затворањето по дома и вакцинирањето, судирите ескалираа откако беше воведено задолжително вакцинирање на градежниците во земјата, и сега речиси една недела не се престанати со протести и тепање.

Јунаците на Перм

Вчерашниот масакр во универзитетот во Перм беше запрен на 6 убиени луѓе и 24 повредени благодарејќи на интервенцијата на двајца локални сообраќајни полицајци, едниот е помладиот сообраќаец Константин Калинин, и неговиот нешто постар партнер Владимир Макаров.

Администрацијата на Бајден пушти каубојци да ловат мигранти на границата со Мексико

Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.

Како се одвиваше најголемата подморничка битка во историјата

Франција е главниот губитник откако без ниту едно испукано торпедо заврши со загуба на подморници од 90 милијарди долари, како колатерална штета во битката беше начнато и НАТО каде се очекува повредата и проблемите од неа допрва да метастазираат, навидум како победници излегоа САД, Австралија и Британија, а целиот судир само дополнително ја накостреши Кина.

„Освестеноста“ и „откажувањето“ полека стануваат чисто рекетарство

Група ветерани од изборната кампања на Камала Харис отворија фирма чија главна дејност е да им помагаат на ЦЕО-а да не бидат „откажани“ и да ги советуваат компаниите како да одговорат на „променливите културолошки норми пред да се соочат со криза“.

Кој ќе ги брани правата на лезбејките од правата на трансџендерите?

Француски лезбејки обединети во групата „Резистанс лезбиен“ учествуваат на Прајд парадата во Бордо со транспарент кој изразува една од нивните клучни заложби „Лезбејките не сакаат пениси“, и на лице место се нападнати, ама не од вообичаените осомничени.

Троен пакт против Кина

АУКУС е името на новиот пакт составен од Австралија, Британија и САД, а чија единствена цел е да се спротивстави на Кина. И ова веднаш беше критикувано од Кина... и од Франција.

Пријателката на Лавров со стан во Москва од 8 милиони евра

Светлана Полјакова е вработена во руското министерство за надворешни работи на позиција која никако не го оправдува нејзиното портфолио на луксузен имот и влијание што го има во министерството.

Кој е овластен да го гаси микрофонот на Бајден?

Едно од прашањата кое излезе за време на сослушувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред Сенатот, е да објасни кој го контролира копчето за гасење на микрофонот на Бајден за време на јавните настапи.

Што е до Австрија, што сакаат нека прават бегалците од Авганистан

Премиерот Себастијан Курц, порача дека Виена нема да прими ниту еден единствен Авганистанец што избега од Кабул по доаѓањето на талибанците, бидејќи ем доста им се тие што ги имаат, ем и со тие бавно одат работите.

Не така зелената страна на зелената енергија

Џиновските перки се веројатно најслабата алка на ветерниците кои генерираат електрична енергија, бидејќи ем се еден од најпотрошните делови на целата инсталација, ем кога ќе им дојде крај на векот нема што да се прави со нив.

Терористот на Шредингер

Во пресрет на 20 годишнината од 11 септември 2001 година, се појави ново видео со еден од лидерите на Ал каеда, Ајман ал-Завахири. Човекот за кој со месеци се веруваше дека е мртов.

Талибанците почнаа да глумат држава како по скрипта

Изминативе недели талибанците како никогаш до сега и како по учебник даваат се од себе за да бидат барем малку допадливи, да се покажат како ослободители на Авганистан, и дека нивното владеење (наспроти тоа што хејтерите низ светот сакаат да го прикажат) има целосната поддршка од населението, и посебно од жените.

Кампот во Бардовци е по мерка на Данска

Данска ја поддржа Хрватска што не сака да прима бегалци и опиша како мисли да успеат со нивната политика за нула бегалци (ка нив): со доволно прифатни центри во други земји.

Папата Меркел гледа, Путин вади

Сакајќи да се произнесе за ситуацијата вои Авганистан, поглаварот на римокатоличката црква најави дека ќе се послужи со цитат од Ангела Меркел. И фукна цитат од Путин.

Зошто САД упорно создаваат корумпирани држави?

Од Виетнам до Авганистан, преку Босна, Ирак и Косово, има една шема која постојано се повторува. Американците знаат со години да се гласно горди на нивниот учинок во демократската изградба на тиe земји, но штом најават дека ќе дигнат сидро од таму, тие Потемкинови села почнуваат да се распаѓаат, одамна изедени одвнатре од корупција.      

Кина планира да ја „освои“ поранешната американска воздухопловната база во Баграм

Дел од празните недвижности останати во Авганистан по американското повлекување е на пат да бидат пополнети од Кина, како дел од „Појас и пат“ глобалната иницијатива. Меѓу нив најверојатно прва ќе биде Баграм, главната американска база во Авганистан која беше центарот на сите операции во овие 20 години.

Портланд ќе гласа за воведување ембарго на Тексас

Целосната набавка на производи и услуги за потребите на градот Портланд нема да смее да има ниту една ставка што ќе доаѓа од Тексас, откако најголемата сојузна држава во САД пред некое време воведе нов закон против абортусот.

Талибанците ја отворија факултетската учебна година

Иако изгледа како да нема долго да трае (и некако е многу фејкерски) на универзитетите во Кабул и низ земјата, студенти почнаа да одат на предавања и тоа во мешан состав машки и женски, со една новост во целата работа - завеса која ги дели машките од женските студенти.

Дали Калифорнија после 10 години ќе добие републикански гувернер?

Доколку на Лари Елдер му успее она што претходно само Арнолд Шварценегер успеа да го направи, тој би бил првиот афро-американец кој станал гувернер на Калифорнија.

Британците логистички се плашат од смртта на кралицата

Тајни државни документи го откриваат обемот на стратегијата што британските власти ја имаат подготвено во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора, како и нивните нервози дали ќе имаат доволно капацитет за да ја спроведат истата.