Ова е проширување на програмата Арктички хектар, која изминативе шест месеци важеше само за жителите на Арктикот.
Понудата е поделена на 6 арктички региони: Мурманск, Ненецк, Јамал-Ненецк, Карелија, Коми и Архангелск. Најмногу површина за давање има во Мурманскиот регион (над 700 илјади хектари) и Република Карелија (337 илјади хектари).
Граѓаните што ќе добијат земјиште првично треба плацот да го користат 5 години, потоа тој се префрла во нивна сопственост и можат што сакаат да прават со него (да го изнајмат, да го продадат, да го подарат итд).
Арктикот стана привлечен благодарејќи на глобалното затоплување кое ги крена температурите во најстудените региони на Русија и ги направи употребливи за земјоделство и сточарство.
Паралелно со ова, Русија сериозно инвестира во сосема нова инфраструктура (од патишта до пристаништа) на својот северен брег, како дел од планот за отворање на Северната рута, поморскиот пат кој би требало да биде алтернатива на Суецкиот канал за бродскиот превоз меѓу Азија и Европа.