Таг: арктик

Арктичкиот истражувач кој се ослободил од лавина со бодеж од сопствениот измет

Кога ја прочитавме биографијата и достигнувањето на човекот за којшто станува збор, приказната ни се виде позната. Се потсетивме дека во 2020, Метин Ерен, антрополог од Универзитетот Кент во Охајо, направи нож од сопствениот замрзнат измет, за што доби Иг Нобел. Но тоа очигледно не било негова оригинална идеја.

Сите граѓани на Русија добија право на бесплатен хектар на Арктикот

Руските граѓани од 1. февруари преку веб-страна можат да одберат кој хектар (10.000 метри квадратни) од арктичката зона на Русија сакаат да го поседуваат. Освен државјанство, единствен предуслов е да се спакуваат и вистински да заминат таму.

Како на Путин му засмета глобалното затоплување

Иако главно трагично за остатокот од светот, за Русија глобалното затоплување го отвори пристапот до арктичката нафта. Сега стравот е дека истото ова затоплување последниве години малку претера со отворањето.

Потрагата по eдна закопана чорба на Арктикот

Во геологијата, пермафрост е почва чија температура останува на, или под 0 степени во текот на две или повеќе години. Нејзиното уништување има импликации за глобалните климатски промени. Една трагично завршена експедиција која имала сосема друга цел, покажала дека таа може да биде природен „фрижидер“ во кој може да се чува храна со децении.

Како попушти сефот што требаше да го спаси човештвото по апокалипса?

Намената на Свалбрад, глобалниот сеф за семиња сместен во далечните предели на Арктикот, е да послужи за не дај боже во случај на некое апокалиптично сценарио во кое е уништена комплетната глобална залиха на храна. Се наоѓа во планина, и направен е да издржи големи катастрофи "природни или човечки" и "да го издржи тестот на времето". Вчера сефот протече.

Арктикот крие катастрофа од 60.000 милијарди долари

Топењето на Арктикот може да активира "економска временска бомба" која ќе го поткопа комплетниот глобален финансиски систем, предупредуваат група составена од економисти и поларни научници.