Како и најголемиот дел од Арктикот, и планината во која што е сместен сефот е направена од перманентен мраз, дебели слоеви кои се замрзнати уште од последното ледено доба. Кога во летно време целиот мраз се топи на Арктикот, перманентниот "теоретски" не се топи, барем не до сега.
Глобалното затоплување успеа да го смени и ова, па перманентниот мраз сега се кашави, предизвикувајќи спаѓање на земјата и езера од стопениот мраз. Проблемот е што кога во 2008-ма се градеше сефот, ова не беше ни предвидено како проект, бидејќи научниците во тоа време допрва почнуваа да сфаќаат што сè може глобалното затоплување да му направи на трајниот мраз.
"Не беше во нашите планови да размислуваме дека перманентниот мраз нема да биде таму и дека ќе дочекаме вакво екстремно време," изјави Хеге Ашим, портпаролката на норвешката агенција задолжена за управување со сефот.
Гардијан објави дека по невообичаено топлата зима вода во петокот го поплавила влезниот тунел на сефот. За среќа водата замрзнала пред да стигне до просториите каде што се сместени семињата. За зачувување на виталноста, семињата се чуваат на - 18 степени Целзиусови.
Минатата зима на Арктикот беше апсурдно топла, заради што трајниот мраз почна да се топи со алармантна стапка. Во регионот каде што е сместен сефот имаше невообичаено обемни врнежи на дожд во време кога требаше да има снег.
Новата ситуација ја става под знак прашање отпорноста на сефот и верувањето на научниците во него.
"Требаше да функционира без помош на луѓе, ама сега мора да го надгледуваме 24 часа на ден. Мора да видиме што може да направиме за да ги минимизираме сите ризици и да се осигуриме дека сефот ќе може да опстане сам," изјавила Ашим.
Разлика меѓу Свалбрад и останатите сефови за семиња што ги има низ светот, е што овие вториве чуваат регионално важни семиња, додека Свалбрад е замислен како глобален расадник во кој има дупликати од десетици илјади типови храна, сместен во објект кој е далеку од локални закани како војна, пожар или проблеми со струја, а е отпорен и на зрачење од нуклеарна експлозија и земјотрес.
(видеото е од пред околу една година)