„Тој многу јасно кажа дека ќе треба да испратат дивизија Панцери (тенкови) за да го извадат од таму,“ изјавил неименуван висок советник на Џонсон.
Процените на кабинетот на Џонсон се дека премиерот е во „опасна зона“ и дека наскоро ќе биде постигната границата за повикување на гласање за недоверба. Потребниот кворум се 54 пратеници, сегашните процени се дека иницијативата има меѓу 45 и 50 пратеници.
На страна ова и тенковите, Џонсон има сериозна опозиција и дома, па се зборува дека на неговата сопруга, Кери Џонсон, и е смачен притисокот врз нејзе, сопругот и децата, и „приватно искажала став дека можеби е подобро ако тој си поднесе оставка на позицијата.
Овој притисок можно е викендов да се зголеми по објавување на извадоци од биографијата на Кери, во која се пишува за влијанието што таа го има врз политиките и персоналот на Даунинг стрит.
Џонсон претходно најави измени во својот тим, откако минатата недела во рок од 24 часа пет негови највисоки соработници дадоа оставка.