Милионерите на Хемптонс успешно извршија притисок врз градските власти за „деактивирање на аеродромот“ на крајот од февруари, откако со години воздушниот хаос и галама се влошуваат заради се поголемиот број луѓе што таму пристигнуваат со хеликоптери и авиони. Планот беше аеродромот од 4-ти март да се отвори со ограничена функционалност и правила за користење.
Кратко по ова американските власти надлежни авионскиот сообраќај, ФАА, порачаа дека постојат пречки за спроведување на оваа мерка, меѓутоа дополнително ќе разгледаат како би можела таа да се изведе.
Одлуката на ФАА ги израдува редовните летачи милијардери до и од Хемптонс, и беше протолкувана како победа и пад на одлуката на градските власти.
Градските власти сепак не мислат така.
Во нивниот допис тие и порачуваат на ФАА дека ако агенцијата не им дозволи да ја користат контролата на летање и другите навигациски системи на постојниот аеродром, според нивни правила, тие и понатаму ќе го држат аеродромот затворен и ќе отворат помал каде што нема да бидат потребни такви системи.
Целата битка се води меѓу традиционалните њујоршки богаташи кои или возат од Менхетен со кола или цела година живеат во Хемптонс, и новите милијардери кои доаѓаат од секаде низ САД (и светот) главно со хеликоптери или авиони.
„Ова е борба меѓу 1% и 0,1% од богаташите. Ова е сонот на секој адвокат, бидејќи имаш многу богати гласачи кои живеат во град кој ќе направи сè што може за да и се спротивстсави на ФАА,“ објаснува професорот по урбани политики и планирање на Универзитетот во Њујорк, Мичел Мос.