Наредбата е дека телевизиите и останатите медиуми мора да ја промовираат „културата на револуцијата“ а тоа меѓу другото значи отстранување на сите феминизирани мажи од телевизиските програми.
Паралелно со апокалиптично хаотичните сцени од евакуацијата во Авганистан, на само неколку километри од аеродромот со месеци крајно систематски и педантно се одвиваше евакуацијата, чистењето и на крај демолирањето на еден од најтаинствените и најозогласени комплекси во земјата.
Лошите односи меѓу САД и Кина може да го поткопаат напредокот направен околу климатските промени, бидејќи работата на намалувањето на штетните гасови не може да се тера одделно од севкупниот однос меѓу двете држави, е пораката од кинескиот министер за надворешни работи.
Северна Кореја одбила речиси 3 милиони вакцини против ковид-19, порачувајќи му на О.Н. да ги подели меѓу потешко погодените држави низ светот, заради страв од потенцијалните нус-појави од истите.
„Чисти трагедии и загуби“ за Вашингтон и авганистанскиот народ е исходот на 20-годишната окупација на Авганистан, гласи процената на Путин за штотуку завршената војна.
Речиси 1 милион луѓе загинати и над 8 илјади милијарди долари потрошени е цехот од глобалната војна против тероризмот што САД ја започнаа пред 20 години.
Министерот за одбрана, Лојд Остин, и командантот на Генералштабот на американската војска, Марк Мајли, треба да си поднесат оставка заради „катастрофалното“ повлекување од Авганистан, бараат речиси 90 пензионирани американски генерали и адмирали.
Пред неколку дена американскиот претседател по телефон му се заблагодари на емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, за беспоштедната поддршка што ја даде за време на евакуацијата од Авганистан. И ова не е прв пат други држави да се заблагодаруваат на Катар за помош околу талибанците.
Мајка на еден од американските маринци кои беа убиени во Кабул, напиша огорчено писмо на адеса на претстедателот Бајден, сметајќи го за одговорeн за смртта на нејзиниот син и другите загинати. Писмото нè остана без одек и реакција: нејзините сметки на Фејсбук и Инстаграм се суспендирани.
Освен што сега на повлекување им оставаат милијарди долари во опрема и оружје, Американците ѝ претходно им помогнаа на талибанците да имаат пари за да направат комплетен пресврт во земјата. Така што им ја збришаа конкуренцијата во производство на опиум.
Една од критиките која е најчесто повторувана од војниците и старешините што служеле во Авганистан и од експертите специјализирани на тема војска и Авганистан, е зошто, кој и како одлучи да се напушти најбезбедната и најдобра локација за евакуирање на Американците од Авганистан - воздухопловната база во Баграм.
Официјалната верзија се уште е дека сите цивилни и воени жртви се должат исклучиво на експлозијата од терористичкиот напад на ИСИС-К. Меѓутоа Би-би-си прави едно интервју со очевидци кои имаат поинаква приказна.
За прв пат од февруари 2020 во Авганистан загинаа американски војници, а последен пат толку загинати Американци во еден месец имало во 2014, и зад сето ова стои терористичката група под името ИСИС-К.
Поголема група американски средношколци и нивните родители годинава решиле на одмор да одат во Авганистан, со истата безбедносна проценка како што ја имаше и врвот на САД, дека месецов ништо страшно нема да се случи. Сега и туристите се идентично изненадени како и американското раководство.
Сајед Амад Шах Садат е авганистански министер за информатика и технологија од 2018 до 2020 кога заради конфликт со претседателот Ашраф Гани поднесува оставка и заминува од земјата. Моментално живее во Лајпциг и работи како - разнесувач на пица.
По спроведената истрага на барање на Бајден, целосната американска разузнавачка машинерија заклучи дека не може со сигурност да го утврди потеклото на ковид-19.
Во Романија се откриени преку 70 локации од кои се испуштаат огромни количини метан. Во иста количина, метанот е дури 80 пати поштетен за загревањето на атмосферата отколку првоoбвинетиот јаглероден диоксид.
Бидејќи сите се упорно изненадени како тоа Талибанците го освоија Авганистан ко да е Луна парк, и како и покрај милијарди долари истурени во земјата, пак никој не ги сака Американците, Викиликс извади топ 10 тајни документи од инвазијата на Авганистан што ги има објавувано изминативе години. И има што да се види, и што било игнорирано или заташкано.
Не е првпат климатски евангелисти да бидат фатени како не го живеат она што го проповедаат. Имињата на последните еко-дизелаши се помалку познати во нашата јавност но принципот е ист како кај претходно третираните принц Хари или лондонскиот градоначалник Садик Кан.
Перјаникот на Фокс њуз јавно признава дека му е сомнително и ни најмалку јасно зашто периодов Си-ен-ен решава толку остро да оди против истиот Бајден што тие го донесоа на власт, иако до сега многу поголеми гревови му беа простувани.
„Да, многу луѓе ни умреа но сепак помалку од просекот на ЕУ а го спасивме менталното здравје на нацијата и домашната економија“, резимираше државниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, творецот на опуштениот шведски модел за справување со пандемијата.
Авганистанските документи се збирка на интервјуа што американската влада ги прави со стотици функционери кои имаат клучни улоги во 20-годишната војна во Авганистан. Вашингтон пост повеќе од 3 години е на суд со американската влада за да ги извади истите интервјуа на виделина и да ги објави. Документите веќе некое време се објавени, а Крег Витлок од Вашингтон пост е автор на книга на темата.
Крајно неблагодарно само еден ден откако директно од фронт завршија во Луна парк и испробаа се што има да се проба, талибанците се вратија и до темел го запалија цел парк.
Над земја Авганистан нема речиси никакво богатство, меѓутоа ако се за верување американски воени функционери и геолози, под земја имаат над 1.000 милијарди долари во минерали.