
Премиерот на Квебек Франсоа Легол беше првиот што најави промени во ковид политиките откако на главниот град му се случи „Конвојот на слободата“ кој попат доби голем публицитет и подржувачи.
Легол се откажа од планот за дополнителен данок за невакцинирани поединци по кој за оние кои не се имунизирале со вакцина беа предвиџдени повисоки даночни стапки со образложение дека ќе бидат товар за здравствениот систем. Данокот ќе ги запукаше невакцинираните со по екстра 800 долари канадски долари. Истовремено, Квебек реши да ги отвори теретаните од половината на февруари.
„Сфатив дека оваа тема ги подели луѓето на Квебек,“ помирливо рече премиерот, „време е заедно да работиме на предиззвиците.“
Најмалку четири други канадски провинции објавија или крај на ограничувањата за патувања поврзани со вакцините или најавија нови планови за излез за тековниот статус кво. Саскачеван, една од провинциите со поблаги ограничувања, објави дека вакциналните пасоши нема да продолжат после февруари. Премиерот Скот Мо рече дека не верува дека вакцините против коронавирус прават некоја значајна разлика во спречувањето на ширењето на вирусот, потсетувајќи дека и тој и Џастин Трудо биле целосно вакцинирани кога покажаа позитивни тестови.
Самиот Трудо се наоѓа на непозната локација каде запкрепнува од ковид, откако протестите на камионџиите ги нарече расистички и ги оцени како насилна збирштина на љубители на теории на заговор.
Полицијата досега нема такви искуства. Иако порача дека сите карти се на маса, првиот човек на полицијата на Отава изјави:
„Можеше да дојде до значајни повреди и губења животи. Но, ништо од тоа не се случи последниве денови,“ рече полицаецот Питер Слоли.
Во една опскурна анализа во токсичниот Фронтлајн, извесен Ацо Лукароски (претседател на СДСМ – Торонто) камионџиите во Канада ги нарече „канадски вмровци“.