Ако Русија нападне, Киев ќе падне за два дена

Запад не престанува да проценува и да опишува како ќе изгледа војната во Украина. А прогнозите се лоши за Украина, Киев, Зеленски и најмногу - како и во секоја војна - за цивилите. Би имало 50.000 жртви и милионски бегалски бран.

Русија во моментов има подготвено околу 70% од воената сила која би му била потребна на Путин за да нареди инвазија на Украина и тој капацитет рускиот претседател би го имал во состојба на готовс веќе во средината на февруари. 

Западни извори кои сакаат да останат анонимни проценуваат дека руска инвазија брзо би ги прегазила украинските сили но проблемот би дошол подоцна, кога ќе треба да се задржи новонастанатата состојба а Москва да се справувава со потенцијалните облици на украински отпор.

Проценки на официјални американски извори велат дека во случај Русија да се реши на целосна акција, нивните сили би влегле во Киев и би го собориле Зеленски за 48 часа.

Таква операција би донела меѓу 25.000 и 50.000 цивилни жртви, до 25.000 убиени украински и до 10.000 руски војници. Би се случил и бегалски бран од еден до пет милиони луѓе кои главно би тргнале кон Полска, пренесува Тајмс оф Израел.

Како на индикатор дека Путин се спрема за акција на Запад се гледа поместувањето на редовните вежби на руските стратешки нуклеарни сили кои обично се одвиваат на есен но годинава се закажани за февруари-март, што Путин би можел да го искористил како прозорец за старт на офанзива.

Во моментов близу Украина Русите имаат 83 „тактички батаљонски групи“ кои бројат околу 1.000 војници, кон границата се тргнати уште 14 а за целосна офанвива на Путин би му требале меѓу 110 и 130 такви борбени единици.

Имајќи ги на ум овие проценки, јасно е зошто Бајден повторува дека не планира да праќа американска војска во Украина, но затоа го засилуваат своето воено присуство во Полска и Романија а Запад ја накрцка Украина со оружје.

Колку е сè спремно за војна, можеби покажува и тоа што Блумберг пред некој ден малку избрза па пушти вест дека Русија веќе ја нападнала Украина.

6 февруари 2022 - 11:06