Во сцена што останува во сеќавање, улиците на Њујорк беа претворени во море од темно сини униформи, кое се брануваше како што погребната поворка се движеше по улицата додека присутните му салутираат на својот колега.
Ривера, Мора и уште еден полицаец, петочки навечер добиваат пријава за семејно насилство во стан во Харлем. Мајката го пријавува својот 47-годишен син, Лашон Мекнил, и бара полицијата да дојде и да го смири. Мајката не пријавува дека тој е вооружен.
Како што тројцата влегуваат во станот, Ривера и Мора прво го повикуваат синот па потоа тргнуваат кон неговата соба. Како што одат, тој излегува на врата и отвора оган од модификуван автоматски пиштол. Двајцата полицајци се застрелани. Ривера умира на лице место, а Мора 4 дена подоцна.
По неколку моменти третиот полицаец го застрелува Мекнил во глава и во рака. Тој е изнесен во критична состојба, а по неколку денови е прогласен за мртов.