И Европа има камионџии

Инспирирани од канадското движење, европски камионџии планираат да го реплицираат „Конвојот на слободата“ во своите земји, собирајќи се во главните градови на државите во кои живеат. А потоа сите заедно да кинисаат на Брисел.

Камионџиите во Франција мобилизираат големи групи на социјалните платформи најавувајќи реплика на канадскиот „Конвој на слободата“ за да се протестира против задолжителните мерки и ограничувања воведени заради пандемијат. Според BFM TV, демонстрантите планираат следнава недела да го „парализираат“ францускиот главен град следната недела опо што би се приклучиле на поширока европска собиранка во Брисел.

Масовно се споделува повик до граѓаните „да ја вратат својата слобода, основните права, безусловниот пристап до грижа, образование и култура и почитување на суштинските вредности на уставот на републиката“, со охрабрување дека „Канадските камионџии ни го расчистија патот“.

Планот им е неделава да се тргне, во петок да се стигне во Париз а потоа да се оди на Брисел.

Фејсбук групата ‘Le convoi de la liberte’ за пар дена добила преку 200.000 подржувачи а се организираат и преку Телеграм каде свое учество во конвојот најавуваат и камионџии од Германија, Италија, Хрватска и други европски земји.

Деновиве пишувавме дека поради притисокот создаден од камионџиите, регионални власти во Канада ги повлекуваат или ги менуваат плановите за рестрикции поврзани со новиот бран од пандемијата.

5 февруари 2022 - 20:03