Во петокот специјалниот советник Џон Дурам, именуван уште во 2020 од тогашниот министер за правда како истражител на руското мешање во американските избори, објави дека адвокатите на кампањата на Хилари и платиле на технолошка компанија за да се инфилтрира во серверите кои и припаѓаат на Трамп кулата, а подоцна и Белата куќа со цел да се воспостави наратив пред владините агенции кој го поврзува Трамп со Русија.
„Поврзано со овие напори, технолошкиот директор 1 го искористи својот пристап до не-јавни и/или заштитени интернет податоци.
Технолошкиот директор 1 ја искористил помошта од истражувачи од американски универзитети кои добивале и анализирале огромни количини интернет податоци во врска со претстоен ангажман од федералната влада за истражување на сајбер-безбедност.
Технолошкиот директор 1 им дал задача на овие истражувачи да копаат интернет податоци со цел воспоставување на ’заклучок’ и ’наратив’ кој го врзува тогашниот кандидат Трамп со Русија.
Правејќи го ова технолошкиот директор 1 посочил дека тоа е за да задоволи одредени ’ВИП-ови, односно поединци од адвокатската фирма 1 и кампањата на Клинтон,“ се наведува во документот до Дурам.
Извори на Фокс, адвокатската фирма ја идентификуваат како Перкинс Кол, која беше ангажирана од кампањата на Хилари, а нивниот претставник Марк Елиас кој додека е ангажиран како главен советник на кампањата на Хилари се сретнува со адвокатот Мајкл Сусман и директор на ИТ компанија кој работи за него.
Дурам исто така пишува дека за време на судењето на Сусман, обвинителството ќе покаже дека меѓу интернет податоците собрани и искористени од технолошкиот директор 1 е ДНС сообраќај поврзан со „одреден провајдер на здравствена грижа, Трамп кулата, Централ парк Запад станбената зграда на Доналд Трамп, и Извршната канцеларија на Претседателот на САД.“
Овие податоци потоа биле искористени од Сусман во контакти со федерални агенти за да се покаже дека постои наводна врска меѓу Трамп и Русија, и дека американскиот претседател е руски човек. Овој дел од истрагата на Дурам се случува затоа што Сусман во тие разговори изјавил дека не работи за ниту еден клиент, иако неговите сметки покажуваат дека тој во повеќе наврати и фактурирал на кампањата на Хилари.
Во изјава од неделата, Трамп порача дека ова е поголем криминал и од Вотергејт.