Свет

Полска не ѝ ги простува воените репарации на Германија

Уште на првата официјална посета на соседна Германија, новиот полски претседател Навроцки планира на масата во кабинетот на Фридрих Мерц да му ја испорача старата сметка за воени репарации. Сумата воопшто не е мала, околу 1.300 милијарди евра. Владата на Доналд Туск досега свесно ја чуваше во фиока, за да не ги загрози односите со главниот трговски партнер на Полска.

Заканата на Трамп за санкции за Русија е насочена кон НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави план за санкции врз Русија, но овој пат инсистира заедно со САД тоа да го направат и сите членки од НАТО, за да го засилат партнерски притисокот, исто како и трошоците за финансирање на Алијансата. Од европските сојузници бара итно да се префрлат од руска нафта на американски течен гас и да отворат трговска војна со Кина и Индија.

Украина може да остане во сенка на полските секирации

Полска собори руски дронови на своја територија, пишавме пред некој ден за акцијата на полски Ф-16 и холандски ф-35. Подоцна НАТО реши дека сериозниот инцидент со руските дронови во Полска сепак не ги задоволува условите за покренување на членот 4 за заедничка одбрана. На тој начин, Москва ги утврди контурите до каде може да оди. Воздушни рчкања меѓу Запад и Москва би можеле да станат правило а не исклучок. 

Квантно поврзување на САД и Британија

Договорот за заеднички инвестиции во развојот на квантни компјутери е обид на Вашингтон и Лондон да се спротивстават на агресивните обиди на Кина да доминира со оваа револуционерна технологија. Заедно со Доналд Трамп, во посета на Британија доаѓаат и шефовите на Нвидија и на Опен АИ, а се планираат и заеднички инвестиции за изградба на модуларни нуклеарни реактори.

Чарли Кирк одбил финансирање од Нетанјаху

Инсајдер од внатрешниот круг на Доналд Трамп и истовремено долгогодишен пријател на убиениот Чарли Кирк, на Макс Блументал од Грејзон му открил каков пресврт се случил во односите и расположението откако Кирк почнал го критикува Израел за она што го прави во бруталната опсада на појасот Газа и во свилената опсада на Белата куќа. 

Нов обид на Брисел да црпне од запленетите руски милијарди

Како што на Киев и на ЕУ им снемуваат пари, Брисел разгледува нов „креативен“ начин како да црпне од замрзнатите руски средства за да ги финансира воените напори на Украина. Брисел би ги претворил запленетите средства во еврообврзници. Западот веќе најде правна рамка за да ги заплени каматите генерирани од руските средства, но настојува да зема пари и од капиталните суми.

Европa се колеба за климатските цели

Данска го откажа состанокот за изгласувањето на климатските цели на Европската комисија за 2035 и 2040 година, што е јасен сигнал за несогласување и отпор меѓу членките. За одложувањето на состанокот притиснало „блокирачкото малцинство“ вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија и Полска, кои инсистирале да не се гласа сè додека не се изјаснат националните лидери.

Мосад бил против нападот во Катар

Моќната израелска разузнавачка служба се спротивставила на плановите на Нетанјаху за воен напад врз лидерите на Хамас во Доха, за да не се прекинат врските со Катар и да не се загрозат напорите за ослободување на израелските заложници во Газа. Службата предложила алтернативен план за елиминирање на терористичките команданти. Без поддршка од Мосад, нападите во Доха не беа успешни.

Ќе се спаси ли Америка ако ги оданочи своите 800 милијардери?

Левичарски политичари имаат „едноставно“ решение како да се запре галопирањето на буџетскиот дефицит на САД од илјадници милијарди долари: „Оданочете ги богатите“. Математиката вели нешто друго. На Америка нема многу да ѝ помогне дури ни целото богатство на милијардерите. Касата ја полни средната класа, а кревањето даноци за неа би било политичко самоубиство.

Како тоа островските нации растат, нели ќе „потонеа“ во морето?

Малите островски нации, за кои се прогнозираше дека ќе потонат поради климатските промени и кревањето на нивото на морето, всушност се развиваат. Им се зголемува површината, населението, коралните гребени, а со тоа и туризмот и приливот на пари. Признаваат дека климатските промени се проблем, но воопшто не се плашат од исчезнување и вложуваат во долгорочни проекти.

Нето-нулата е грешка, колите на бензин и дизел имаат иднина во Европа

Шест години откако беше исфрлен од трката за претседател на Европската комисија, во корист на Урсула фон дер Лајен, Манфред Вебер сега го предводи нападот против нејзините закони за нето нула емисии и забраната на ЕУ за бензински автомобили. Човекот што денес важи за најмоќниот конзервативец во Европа инсистира дека моторите со внатрешно согорување сè уште имаат иднина.

ББЦ им забранува на своите новинари да го наречат Хамас „терористичка група“

ББЦ ги цензурира своите новинари кои го нарекле Хамас „терористичка група“. Одделението за жалби оценило дека новинарите што во емисија на 15 јуни ја нарекле групата „терористичка“ отстапиле од уредувачките упатства за користење на терминот, кој е дозволен само ако е кажан од трети страни. Поранешен директор реагира дека ББЦ ја штити репутацијата на екстремистите.

Бизарен предизборен молк за мигрантите во Келн

Германските партии од мејнстримот постигнаа бизарен договор целосно да се воздржат од критики за мигрантите во кампањата за изборите во Келн. Тоа практично значи молк за главните проблеми, како невработеноста и криминалот. Изолирана е само десничарската АфД. Самоцензурата всушност е на сила уште од 2017 година. Новото е што ЦДУ не може да го издржи молкот.

Израел за 72 часа нападна шест земји

За само шест дена во јуни 1967 година Израел ги порази Египет, Јордан и Сирија, ги окупираше Синај, Газа, Западниот брег, Источен Ерусалим и Голан. Сега две години не може да го победи Хамас, наспроти геноцидот врз Палестинците во Газа. Премиерот Нетанјаху сепак е охрабрен и Израел за три дена изврши напади врз шест арапски земји - Катар, Либан, Сирија, Тунис, Јемен и Палестина.

Африка бара колонизаторите да платат за историските злосторства

Африканската унија ќе побара од поранешните колонијални сили да платат „значителни репарации“ за повеќевековните злосторства и експлоатации на богатството. Колку висока и да биде сумата, колонизаторите немаат пари и не сакаат да ја платат. Африка ќе бара и извинување и враќање артефакти. Карипските земји со години попусто бараат билиони отштета за трговијата со робови.

Половина од кандидатите за полицајци во Берлин не знаат германски

Педесет и пет проценти од кандидатите за полицајци во Берлин имаат потреба од дополнителна настава по германски јазик. Полицијата не дава податоци дали толку се зголемил бројот на неписмени Германци или мнозинството кандидати се со потекло од Турција, Полска или други земји. Политиката на етничко изедначување на процентот на жители и полицајци е меч со две острици. 

УНИЦЕФ: Секое десетто дете во светот е дебело поради брзата храна

Бројот на дебели деца во светот прв пат е повисок од оние со премала телесна тежина, предупредува УНИЦЕФ. Во категоријата „дебели“, сега се вкупно 188 милиони деца, или секое десетто на возраст помеѓу 5 и 19 години. Главната причина е напуштањето на традиционалните диети и експанзијата на ултра-преработена храна која е релативно евтина и богата со шеќери, сол и нездрави масти.

Полска собори руски дронови на своја територија

Полската и противвоздушната одбрана на НАТО утрово собориле руски беспилотни летала што навлегле на полска територија близу границата со Украина. Полската армија го нарече нарушувањето на воздушниот простор „чин на агресија“. Премиерот Доналд Туск свика итен состанок на Советот за национална безбедност и е во постојан контакт со шефот на НАТО, Марк Руте.

Американците губат верба во капитализмот

Поддршката на капиталистичкиот систем во САД никогаш не била помала во изминатите 15 години. Американците денес се изразено позитивно настроени кон ситното претприемништво и стартапите, но се крајно разочарани од големите бизниси за кои поволно мислење имал едвај секој трет човек опфатен со анкетата на Галуп. Кај демократите, пак, социјализмот станува мејнстрим.

Повеќе муслимански отколку христијански ученици во Виена

Во основните и средните училишта во главниот град на Австрија во оваа учебна година е зголемен бројот на муслимански ученици, а намален е бројот на христијанските, покажуваат нови податоци од истражување со кое биле опфатени повеќе од 110.000 деца. Затоа се бара воведување нов предмет за заеднички демократски вредности, кој би бил задолжителен за учениците од сите религиски групи.

ЕУ мора да се прилагоди на глобалниот закон на џунглата

Доналд Трамп во својот нов мандат го урна меѓународниот светски поредок базиран врз правила и повеќе нема враќање назад. Европа е немоќна да ги спречи промените и ќе мора да се прилагоди на глобалниот „закон на џунглата“, заклучува Европската комисија во годишниот Извештај за стратегиска предвидливост, во кој детално се опишуваат главните предизвици со кои се соочува ЕУ.

Објавена честитката до Епстин со провокативниот потпис на Трамп

Демократските конгресмени ја објавија „сексуално провокативната“ роденденска честитка од Доналд Трамп за педофилот Џефри Епстин, за која претседателот упорно тврди дека не постои. Останува на зборот. Вели дека потписот на чувствителното место на честитката е фалсификуван, не црта по честитки, особено не женски торза, а и содржината не одговара на неговиот речник. 

Гасоводот „Сибир“ 2 ја сруши стратегијата на Трамп

Големата евроазиска стратегија на Трамп беше да се спречи преголема зависност на Русија од Кина, за да спречи руските природни ресурси да ја хранат Кина, единствениот вистински глобален системски ривал на САД. Откако САД ја претераа со Индија, Путин се најде ослободен од притисокот и дополнително се поврза со Пекинг.

И Полска ли крева раце од Украина?

Пољаците и Украинците имаат многу спорни и нерешени прашања, од историски (масакрот во Волинија во Втората светска војна) до тековни (одбранбени прашања, жито...), но ги држи заедничкиот страв од Русија. Сепак, по почетната консензуална поддршка за Украина, нејзината борба и бегалци, Полска се врти кон пореалистичен пристап и почнува да ги гледа своите интереси.