Разно

Финска организира „Мастер клас за среќа“

Најсреќната земја на светот (според извештајот по кој ние доста објективно сме проценети како најнесреќни луѓе на Балканот) почна да нуди курсеви за странци кои ќе доаѓаат таму ќе бидат учени како да бидат среќни. Ок, ќе отидеме, ќе го завршиме курсот со одлична оценка и што после кога ќе се вратиме овде?  

Грета Тунберг станува почесен доктор по - теологија!

Факултетот по теологија од Универзитетот во Хелсинки реши својата најпрестижна академска  титула да ѝ ја даде на Грета Тунберг. Озгора на тога, ова не ѝ е прв докторат на 20 годишната климатска активистка која пред неколку години го обвини светот дека ѝ ги одземал соништата.  

Токио, градот на чесните

Минатата година во Токио во полиција се вратени најдени паричници во кои имало пари во износ од речиси 28 милиони евра (3,99 милијарди јени), или во просек нешто повеќе од 76.000 евра на ден.

Последно за плинските решоа: Ок се

„Плинските шпорети да ти биле штетни како пасивното пушење“, известивме пред некое време за заклучоците од една европска студија на таа тема. Сега Американци направиле студија за истото прашање и тврдат дека со плинските шпорети сè е во ред. „Поважно е што готвиш,“ потсетуваат вториве. 

Само 13 места на планетава имаат асален воздух

Лани само во шест држави и седум територии во светов имало воздух кој ги задоволува стандардите и упатствата на Светската здравствена организација да биде наречен здрав воздух. Сите други просечно вдишуваат нешто шкарт. Како тоа мислите ние кај сме? 

Грета Тунберг го избриша своето пророштво

Не е лесно да си заштитно лице на апокалипсата. Грета Тунберг своевремено храбро предвиде дека заради климатската неодговорност, човештвото ќе исчезне до 2023 година. Бидејќи годината дојде а предвидувањето лошо остаре, Грета го избриша твитот со својата глобална прогноза. Ништо страшно, одиме во нови хистерии.

Вештачката интелигенција почна да се шитка

Додека ние си играме со основниот модел, му го користиме паметот или пробуваме да го зезнеме, големите компании ќе бидат во посед на многи помоќни модели. Ништо страшно, освен што тие модели ќе можат да управуваат со комерцијални сервиси, а сервисите, на пример, сочинуваат и 75% од економиите. Ние ќе си плетеме џемпери по дома.   

Рециклирање, лудом радовање

Новинари на Ројтерс скриле ГПС уреди во 11 патики кои требало да завршат како рециклиран материјал кој ќе се користи во благородни цели како што се игралишта за деца, забавни катчиња и слично. Ниту еден пар не завршил на рециклажа, ама затоа завршиле на бувљак.  

Европа во себе има нешто вечно: хемикалии

Загадувачи познати како „вечни хемикалии“ затоа што не се разградуваат во околината а се кумулираат во организмот и можат да бидат токсични се регистрирани на илјадници локации во Европа и Британија. Тоа што нас нè нема на мапата значи само едно - кај нас не се мачат ни да мерат.

Шпанија плати 258 милиони евра за возови што не ѝ ги собира во тунелите

Пред три години шпанската државна железница објави дека нарачува нови возови за два региона во земјата „каде железницата е како од каубојско време“. Минатиот месец тие разбраа дека возовите се премногу големи за некои од тунелите низ кои треба да минуваат.

Не се жени, туку јајчарки?

Научници (термин кој веќе станува критично излитен од премногу слободно користење) инсистираат на постепено укинување на бинарниот јазик (мажи/жени) и воведување на термини како „јајце-производител“ наместо сегашниот застарен термин „женско“.

Колкава моќ поседува Клаус Шваб?

Германскиот економист е алфа и омега на средбите на светската политичка и бизнис елита во Давос. Повеќе од пет децении. Во меѓувреме, Клус Шваб во своите дела има изградено сосема нова религија во која глобализацијата треба да ги победи мрачните сили на суверенитетот. Давос е новиот Ерусалим, технократите се новите апостоли а пророкот, се разбира, е тој.  

Мој је живот кешарица

Иако општество без кеш звучи модерно и кул, зад таа идеја стојат потенцијаlно опасни опции. Државата ќе има целосна контрола врз вашите пари па еден ден може да ѝ текне да ги врзе, на пример, со вашиот карбон футпринт и кога ќе сакате да си купите бургер, да ви се каже, многу бургери имаш изедено месецов, можеш да си купиш брокула.   

Ако имате играно за 755 милиони долари, вие не сте среќниот добитник

Во САД на едно ливче продадено во Вашингтон се падна премијата од Пауербол во износ од речиси 755 милиони долари, сума која и покрај блесавиот износ е само 9-от по големина џек-пот во историјата на САД.

Диверзитетот стана голем бизнис

За да ја демонстрираат својата правоверност, американски компании регуларно организираат обуки за „диверзитет, еднаквост и инклузија„ за своите вработени. Обуките се скапи и бесцелни ама на менаџерите им фуфка да прекинат со нив за да не го навлечат бесот на будните преторијанци. Само паднатите профити можат да ги разбудат.

Европа не дозволува промена на извод од матично

Европскиот суд за човекови права отфрли тужба против Франција, поднесена од нејзин граѓанин кој барал промена во изводот од матичната книга на родени. Пензионер е, има 72 години, и решил дека е крајно време во крштеницата да не му пишува дека е машко.

Зеленски бара забрана на руски спортисти на Олимпијада

Додуша, ич не му беше ќеиф кога на 100 метри (и уште во три дисциплини) победи црниот Џеси Овенс, но дури и Хитлер дозволи на Олимпијадата во Берлин 1936 да учествуваат оние кои ги сметаше за нижи раси. Зеленски пак, не сака ни да види Руси на Олимписките игри во Франција. 

Фајзер како злосторничко здружување

„Проект Веритас“ го извади досега можеби најшокантното видео од нивните андеркавер соработници. Во него, Џош Вокер, директор на „истражување и развој, стратешки операции и мРНК научно планирање“ во Фајзер, низ шега и смеа признава дека во компанијата си играат со идејата за намерна мутација на коронавирусот. 

Што научивме денес: и трансџендери се трансфоби

Има транс-лица кои ја минуваат целата таа мачна, болна и неповратна транзиција за да усогласат телото со своето чувство за себе, но потоа остануваат незадоволни и се каат од „проектот“. „Науката“ има објаснување и за тоа: тоа незадоволство им е од што длабоко во себе се трансфобични.    

Најголемата соларна фарма прегоре предвреме

Проектот чинеше 35 милијарди долари и требаше од Австралија да направи лидер во производството на зелена енергија. Ништо од тоа, бидејќи главните инвеститори се спукале. Но, можеби е тоа добра вест за милиони краби околу Индонезија.

Службен пат ко службен пат, па макар бил и во Давос

Сите оние тешки милијардери и светски (и не толку светски) лидери кои деновиве пристигнаа во Давос предизвикаа и традиционална сезонска преселба на проститутки од цела Швајцарија во планинското гратче.

Јутјуб нејќе да пцуете - во првите 15 секунди од видеото

Ако сакаат да заработат пари од своите содржини, креаторите ќе мора да се воздржат од вулгарни зборови барем во првите 15 секунди во клипот. После можат, ама, да не претераат. Секогаш кога еден гигант од калибарот на Јутјуб решава да влезе на терен на јазичните нијанси и суптилности, ко да влегол слон во продавница за стакло. 

Братот на Трудо: Џастин е пион на повисоки инстанци од него

Братот на канадскиот премиер смета дека тој е само пион и истурен играч на глобалните господари на светскиот поредок и дека Џастин Трудо дури и не ги ни пишува своите говори и твитови. „Џастин не зборува искрено,“ вели Кајл Кемпер и загадочно додава „уцената е моќна алатка“. 

Школи ги тужат социјалните медиуми, им ги пореметиле децата

Јавните училишта од образовниот дистрикт од Сиетл ги тужат ТикТок, Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб и Снепчет сметајќи ги за одговорни за актуелната ментална криза меѓу младите. На компании како Фејсбук им било позната бељата што ја прават ама тоа го криеле од инвеститорите.