Две освежувачки пораки од заменикот на Трамп

Од новиот потпретседател на САД и поранешен сенатор од Охајо, ЏејДи Ванс, издвојуваме две поенти: едната е за Кина и она што е добро во неа е што нема закани како што сме навикнале туку потреба од извлекување поуки од нивната политика. Втората е за ЕУ. Е, тука има закани, ама врзани со една тема која ни е битна и како на луѓе и како на медиум, а тоа е слободата на говорот.

„Ние изградивме надворешна политика на малтретирање, морализирање и држење лекции на други земји. Кинезите имаат надворешна политика да градат патишта и мостови и да хранат сиромашни луѓе. Треба да водиме надворешна политика и дипломатија на почитување, таква политика која нема да се темели на морализирање туку на националните интереси на нашата земја“.

Во друга прилика и на друга тема, Џеј Ди Ванс порача дека американската поддршка за НАТО може да биде доведена во прашање доколку некои глави во врвот на ЕУ не се откажат од идејата да ја регулираат (читај: цензурираат) платформата на Илон Маск.

Тој потсети на заканите (види подолу) на високи функционери на ЕУ кон Илон Маск и Икс и порача дека американската поддршка за НАТО треба да биде стап со кој Европјаните ќе се доведат во ред.

***************

Види:

Кога ќе на Твитер појдете, со слобода не се расфрлате

Брисел против Брисел

На кого повеќе му верувате: на Икс или на ЕУ?

Европскиот цензор даде оставка

ЕУтаназија на слободата на говорот

 

10 ноември 2024 - 14:57