Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европскиот цензор даде оставка

16 септември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Главниот цензорски камшик на ЕУ, францускиот европски комесар Тиери Бретон даде неочекувана оставка обвинувајќи ја неговата шефица Урсула фон дер Лајен за политички игри зад неговиот грб.
  • Бретон е убеден дека Урсула на Макрон му ветила поголемо влијание на Франција во следниот состав на Европската комисија ако таму го нема него.
  • Бргу по оставката, Франција за комесар го кандидираше доскорешниот шеф на дипломатијата, Стефан Сежурне.
  • „Ова е добар ден за слободата на говорот,“ прокоментира Линда Јакарино од Икс Корп, компанијата на Маск со која имаа длабоки, непомирливи недоразбирања.

Брисел против Брисел

ЕУ го обвини сопствениот министер за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, дека на своја рака го објавил писмото во кое на Илон Маск му се заканува со казна доколку содржината објавена на Твитер не е во согласност со правилата на ЕУ.

извор

Нетанјаху може да почне да се пакува

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
  • Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
  • Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
  • За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
  • Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.
извор

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
  • Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
  • Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
  • Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
  • Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
  • Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

Се очекува стампедо

Балканштина
3

Јапонија бара резервен главен град

Свет
4

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
5

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
6

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
7

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
8

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Балканштина
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
3

Ерменија брза кон ЕУ

4

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

5

Со војната против Иран, Трамп го смени режимот - во Вашингтон

Свет
6

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
7

Вухан го тужи Мисури за клевета за ковид

Свет
8

Републиканците го изгубија и Претставничкиот дом

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Руски Угандин

Што се случува кога никој не лекторира академски текст

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy