Тој не само што ќе биде повеќе платен од британскиот премиер туку ќе работи само еден ден неделно и за тој ден ќе добива 950 фунти.
Тоа значи дека годината ќе ја заврши со 49.400 фунти, што, доколку работи полно работно време како и другите, е еквивалентно на плата од 247.000 фунти. Премиерот Кир Стармер има годишна плата од 166.000 фунти.
Канцеларијата за вредност за парите ќе врши проценка на државните трошоци и предлозите за инвестиции и ќе треба да развие препораки за реформа на системот.
Претходно, Голдстон беше надлежен за контрола на набавките и трошоците за Олимпијадата во Лондон. Притоа, од првично планираните 2,45 милијарди фунти, под негов надзор трошоците пораснаа на 9,35 милијарди фунти.
Сепак, владеачките лабуристи се убедени дека Канцеларијата која ќе ја води тој ќе биде гарант дека секоја фунта државата ја троши паметно.