Разно

Уште колку нацисти држи Канада како угледни граѓани?

Спикерот на канадскиот парламент кој го поздрави 98 годишниот нацист како украински и канадски херој поднесе оставка. Полска ќе бара екстрадиција а Џастин Трудо се утепа од извинување за скандалозните овации за Јарослав Хунка. Да зборел на времето со татко му, ќе знаеше дека тоа не е нешто необично за канадската политика.  

ЦИА била спремна да подмитува за да не слуша за Вухан

Централната разузнавачка агенција на САД, на шестмина истражувачи им понудила да им исплати фини пари да не мавтаат наоколу со нивните наоди дека коронавирусот најверојатно протекол од лабораторијата во Вухан. Ова се дозна од сведочења на свиркач во Конгресот кој е висок службеник на ЦИА.

Канадските родители не планираат да замолчат

Со години, Канаѓаните се бомбардирани со пропаганда дека „трансжените се жени“. Им се повторува дека секој што се спротивставува на екстремните и бесмислени идеи во училиштата мора да е хејтер со предрасуди, фанатик, па дури и екстремно десничарски екстремист. Излегува дека Канаѓаните не ја купуваат таа приказна.

Блумберг ќе му става крај на јагленот

Пред неколку години, богат човек или компанија ќе го покажуваа богатството со донирање библиотеки и сиропиталишта (меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони). Денес е мода тоа да се прави не за луѓето или државата туку за климата и планетата. Исто, меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони.

Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Јутјуб и ТикТок го скинаа Расел Бренд само заради медиумски обинувања против него, а не е ни обвинет, не па осуден. Ај тие, ама кој курац има британски парламент да го притиска Канаѓанецот од Рамбл, нашиот Крис Павловски, дали и зошто Расел Бренд уште може да прави пари преку таа платформа?

Право на глас за бегалци?

Германската министерска за внатрешни работи, Ненси Фесер, сака драстично да го прошири правото на гласање во земјата и тоа во иднина да ги опфаќа и бегалците кои повеќе од шест месеци живеат во Германија.

Му дојде редот и на Расел Бренд

Неколку британски медиуми го обвинија популарниот коментатор и актер за низа сексуални дела и агресии од времето на неговата најголема слава. Со оглед на тоа што Расел Бренд последниве години гради алтернативна платформа која им тера инает на меинстрим медиумите, тој се прашува дали има некоја поинаква агенда зад овој оркестриран медиумски напад. 

Богатиот север е климатски лицемер

20 земји од светот се прогласени за „уништувачи на планетата“ заради нивните проекти за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година. Кај нив се 90% од таквите планови. А повеќе од половина од таквите проекти се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Со Америка на чело.

Видовме ли вонземјани?

Пред мексиканскиот конгрес беа обелоденети остатоци на нешто за што личи на вонземјани. Биле најдени во рудник во Перу а се стари можеби и 1.800 години. Истиве мумии да беа покажани пред американскиот конгрес, луѓе ќе помислеа дека се работи за просечно стар американски сенатор.  

СЗО треба да биде прогласена за терористичка организација

СЗО планира државите да потпишат правно обрзувачки договори со кои тие ѝ ги предаваат надлежностите во кризни времиња. Да се потпише договор со СЗО затоа што тие најдобро знаат за вакцини и лекови е исто како да се потпише договор со колумбиски нарко -картел затоа што и тие најдобро знаат за дрогите, смета незгодниот хрватски евро-парламентарец.

Лимити на парацетамол за да се намалат самоубиства

Иако денес помалку луѓе користат лесно достапни лекови за да ги ги одземаат животите, Англија планира дополнително да ја ограничи продажбата на парацетамолот и лекарствата кои го содржат. Тоа е една од преку 100 активности кои се предвидуваат да се намали бројот на самоубиства кои таму се почесто се извршуваат со бесење. 

Чарлсе, изгоре ти кесе

До крајот на оваа година, карипските нации ќе поднесат формални барања до британското кралско семејство за исплаќање репарации за ропството благодарејќи на кое цела таа аристократска дружина со векови ужива во раскош. „Она што денес го поседува кралското семејство уште мириса на ропство,“ вели еден од оние кои бараат правда.

Јагленот е побрз од ветерот

Кина толку брзо гради нови капацитети за добивање енергија од јаглен што тоа ги прави бесмислени желбите на развиениот Запад за „енергетска транзиција.“ САД веќе утре да решат да ги изгасат сите свои термоцентрали на јаглен, новите кинески капацитети ќе го компензираат тој број и планетава ќе остане пата-пата.

Германија демонтира воздушни турбини за да копа јаглен

Една година откако им пропаднаа надежите дека енергетската дупка предизвикана со војната во Украина и санкциите кон Русија ќе ја покријат со течен гас од Канада, Германија ќе размонтира фарма со воздушни турбини за да се отвори место за површински коп на јаглен, и тоа лигнит.

Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“

Транспарентноста со децении беше концепт кој им даваше моќ на медиумите и граѓаните да имаат увид како фунционира власта и каде се трошат парите од даноците. Под влијание од моќни институции и ликови како што е Клаус Шваб, концептот денес значи нешто сосема обратно: граѓаните да се помират со тоа дека немаат приватност, односно дека нема бегање од тоа да им бидат „транспарентни“ на властите.

 

Во лукративниот свет на факт-чекерите

Мета и Закерберг упорно ја одбиваат одговорноста околу цензурата на Фејсбук тврдејќи дека за содржините одговара независна и непристрасна мрежа на проверувачи на факти кои работат по строго утврдени принципи и правила. Освен кога не работат така. И освен кога не добиваат дикретно пари од Мета.

Маск ќе умре од труење пред да стигне на Марс

Сопственикот на Тесла, Икс, СпејсИкс, Старлинк... има кажано дека сака да биде првиот човек кој ќе умре на Марс. Научничка од НАСА со долгогодишно искуство, му порача на Илон Маск дека ако тргне во таква самоубиствена мисија, ќе умре и пред да стигне на Црвената планета.

Германија го враќа кодошењето од времето на Штази

Според новиот зaкон за заштита на свиркачи, секоја германска фирма која има барем 50 вработени, ќе мора да одвои канцеларија во која вработените, без страв од реперкусии по работното место, ќе можат да пријавуваат сè што им е сомнително во нивната фирма или кај колегите. Ќе може да се пријави и ако некој промрчил нешто за уставот.

Што пол си оваа сезона?

Германската влада подготвува нов закон за родово самоопределување по кој за промена на полот нема да бидат потребни никакви услови како што е мислење од психијатар, хормонска терапија и сл. Доволно е државата да ја известиш што си одбрал. Тоа ќе може да се прави еднаш годишно, колку ти душа сака. Ротирањето може да се почне уште на 14 годишна возраст, без дозвола од родителите. 

Илон Маск им објави војна на соросоидите

Сопственикот на Твитер најави тужба против фондацијата на Сорос и невладини организации финансирани од неа заради обиди за гушење на слободата на говорот, која обично ја маскирааат како борба против говорот на омраза. Има и кај нас локални пандани, но, наместо да ги тужиме, ние решивме те да ги жалиме, те да им се смееме.

Насоки за секс за вселенски туристи

Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.

Талибанците држат лекции за борба против дрогите

Талибанците успеаа драстично да го намалат произдводстовото на опиум и хероин и нивниот успех се смета за најголем во историјата на борбата против дрогата. Но, се поставува прашањето, ако овие со стапови успеаа да ги исчистат афионските полиња, шо правеа Американците таму 20 години? 

Признај Британијо, нели си Велика?

Кога голема британска нафтна компанија беше национализирана во Иран, Лондон веднаш почна да работи на рушење на демократски избраната влада. Малку ги почекаа Американците за потоа заедно да ја убијат демократијата во Иран. Од тогаш минаа 70 години и Англичаните уште се прават енглези.

Недвижнини на денот: Мариупол

Руси навалија да купуваат плацеви во Мариупол, град на Азовското море кој темелно беше уништен во исцрпувачките битки за него а Москва го користи како пример за рекордна обнова и враќање на животото во нормала. Купувачите имаат разбирлива логика: да се купи сега кога е евтино а обновата да ја дигне вредноста на инвестицијата.