Најновата статистиката на Шведска покажува дека во моментов има околу 780.000 луѓе на возраст меѓу 16 и 65 години кои се неписмени бројот постојано расте.
„Секој месец ни пристигнуваат осум до десет неписмени ученици на различна возраст“, вели професорката Рита Сомаркранс.
„Ако овој тренд продолжи, ќе имаме цела генерација млади луѓе кои се функционално неписмени“, напишаа министерот за образование и министерката за школски работи не навлегувајќи во корените на масовниот проблем.
Во некои градови, како што е Малме, шведските деца веќе се малцинство во училишниот систем па во градските власти се разгледуваа идеи да се предава на арапски наместо на шведски. Но, тоа само ќе го забрза проблемот со неписменоста и ќе резултира со уште подлабоки поделби во општеството.
Поради падот на стапката на писменост, Шведска го трансформира целиот училишен систем, па наместо девет, задолжителното школување ќе биде 10 години. Но и девет години сè помалку ученици заокружуваат.
„Неуспехот да се заврши основното училиште е еден од главните фактори на ризик за невработеност и социјална исклученост“, вели Ана Кастберг, раководител на одделот во Шведската агенција за образование.
Како резултат на сиве овие турбуленции, перформансите на Шведска на тестот ПИСА видливо паѓаат што ќе има драматични резултати за шведската економија во наредните години, бидејќи земјата се потпира на високообучена и високотехнолошка работна сила.
Институциите знаат дека нивото на образование на родителите во голема мера влијае на успехот на децата.
Повеќето нови граѓани доаѓаат од муслиманските земји кои не се членки на ЕУ. Шведска од 2015 година доделила шведско државјанство на 660.362 мигранти, а една од најголемите приматели на шведско државјанство е Сомалија, земја со едно од најниските нивоа на образование во светот со официјална стапка на неписменост од 62,2 отсто.