Економијата на ЕУ се соочува со децении на „бавна агонија“. Ова не е мрачна прогноза не некој евроскептик, туку на еден од највисоките европски технократи, Марио Драги, поранешен шеф на Европската централна банка и екс-премиер на Италија.
Минатата недела, Драги го откри извештајот на 400 страници, нарачан од ЕУ, за „иднината на европската конкурентност“. Без радикални економски реформи и еден тон инвестиции, предупредува тој, земјите-членки на ЕУ ќе страдаат од стагнација на животниот стандард, технолошка заостанатост и геополитичка импотенција.
Како што јасно покажува извештајот на Драги, ЕУ веќе некое време е во длабоки економски проблеми. На почетокот на векот, ЕУ и САД беа на релативно рамна нога. Но, на пер капита основа, реалниот приход во ЕУ растел со само половина од стапката на САД од 2000 година. Америка сега масовно ја надминува ЕУ во напредната технологија. Само четири од топ-50 технолошки фирми во светот се европски. Речиси милион работни места во производството се изгубени во ЕУ само во последните четири години.
„За волја на вистината, мрачната проценка на Драги всушност ги потценува размерите на економската слабост на ЕУ. Гледањето само на просеците во 27-те членки ги замаглува длабочините на кризата. Економиите на Италија, Шпанија и Грција, кои беа погодени од еврокризата и штедењето наложено од ЕУ, сега се помали отколку што беа во доцните 2000-ти. Германија, традиционално економскиот мотор на ЕУ брзо се деиндустријализира. Во Франција, втората по големина економија во ЕУ, долгот расте до нивоата што беа забележани во Италија непосредно пред еврокризата. Цената на сиот овој изгубен раст е намален квалитет на живот, затегнат јавни услуги и распаѓање на инфраструктурата“, забележува Фрејзер Мајерс.
Но, ако изборот со кој се соочува Европа е радикална промена или „бавна агонија“, тогаш бавна агонија е она што Европа ќе добие.
Основниот предлог за масивен инвестициски фонд на ЕУ, за неколку часа, ефективно доби вето од германскиот министер за финансии Кристијан Линднер. Другите „штедливи“ земји, како Холандија, исто така го отфрлија планот.
Големата иронија е што ако една национална влада предложи таков амбициозен инвестициски план, веднаш би била клекната од ЕУ поради кршење на правилата за фискални дефицити и државна помош. Земјите-членки се блокирани да прават големи јавни инвестиции од страна на Брисел, додека Брисел е блокиран за спроведување стратегија на ниво на ЕУ од страна на земјите-членки.
Еден од клучните проблеми е самата бриселска машина. Извештајот забележува дека 60 отсто од компаниите во ЕУ ја гледаат лавиринтската регулатива од Брисел како бариера за инвестиции и иновации.
Додека американската федерална влада донесе 3.500 закони и 2.000 резолуции помеѓу 2019 и 2024 година, ЕУ додаде 13.000 регулативи во истиот период.
Сепак, аргументите за конкурентноста веројатно нема да ги поколебаат оние еврократи кои огромен дел од својата моќ и авторитет црпат токму од ревносно регулирање. Големата амбиција на Брисел да стане „регулаторна суперсила“ ќе продолжи по инерција а апаратчиците на ЕУ, можеби не можат да се пофалат со значајни и светски водечки иновативнии технологии ама затоа за фалење им се „значајни“ и „светски водечки“ регулативи за технологијата.