Австралија е сончева земја, а поголемиот дел од неа добива над 3.000 часа сончева светлина годишно. Затоа е идеална локација за соларни панели каде што повеќе од 3 милиони домови имаат системи на нивните покриви. Тоа е секоја трета семејна куќа.
Проблемот е е во старата и слабо поврзана електрична мрежа, така што пиковите на струја од соларните панели може да ја преоптоварат мрежата. Тоа се случи последната сабота во државата Викторија, кога системот им колабираше.
Во Австралија, обновливите извори на енергија покриваат 70% од побарувачката на електрична енергија. Веќе во 2018 година биле поставувани шест соларни панели во минута. Денес стапката е нешто намалена но останува висока.
Лани енергетскиот капацитет на соларните панели надминал 20 GW, при што домовите се втор најголем извор на обновлива енергија во земјата. Тоа прави понудата да е поголема од побарувачката а тоа може да биде опасен микс за неподготвена електрична мрежа.
Бидејќи струјата од сонцето секогаш доаѓа во предвидливи делови на денот, потребна е флексибилна мрежа способна за сместување на вишокот. Решението за поефикасно управување со овој вишок се вика батерии.