ЕУ го прави ова преку законот за цензура, нагалено наречен Закон за дигитални услуги (DSA) и овојпат ги таргетира Јутјуб, Снепчет и ТикТок. Две компании од САД и една од Кина.
Претходно, ЕУ имаше започнато постапка за неусогласеност со ДСА против против ТикТок, АлиЕкспрес, но и Инстаграм и Фејсбук на Мета.
Комисијата на ЕУ објави дека „барањето информации“ се однесува на алгоритамските препораки на овие платформи, конкретно нивниот дизајн и функционирање.
Наведените компании се потсетуваат дека ДСА ги обврзува „соодветно да ги ублажуваат ризиците кои произлегуваат од нивните системи за препораки“ – и така се влегува во вообичаената листа, почнувајќи од тоа како препораките можат да влијаат на менталното здравје на корисниците, ризиците за изборниот процес, да ги загрозат малолетниците, сè до она што ЕУ го смета за нелегална содржина – „како што се промовирање нелегални дроги и говор на омраза“.
Се бара и да се објасни што се прави за да се „ублажи“ штетата, се разбира, онака како што ЕУ ја разбира и толкува.
Последното барање е упатено до Јутјуб и Снепчет, кои мора на ЕУ да ѝ дадат „детални“ информации за алгоритамските параметри кои одлучуваат што им се препорачува на корисниците.
Акцентот на притисокот врз ТикТок е малку поинаков. Брисел сака да знае што прави видео платформата за евентуални манипулации со избори, медиуми итн. Повторно, во однос на системот за препораки.
Даден им е рок до 15 ноември да ги дадат бараните информации и притоа се предупредуваат дека и да одговорат, ако тоа е „неточно, нецелосно или погрешно“, ќе бидат казнети.
Фановите на политиките на ЕУ по овие прашања се надеваат дека нешто такво ќе се вкорени и во САД, и покрај фактот што „говорот на омраза“, на пример, таму не е криминализиран.