Еве го мојот план да го сoпрам хемиското, физичкото и емоционалното осакатување на нашата младина. Уште првиот ден, ќе ја отповикам суровата политика на Џо Бајден за таканаречената „грижа за потврдување на родот“ - смешно - процес кој вклучува давање блокатори на пубертетот, мутирање на нивниот физички изглед и на крајот извршување операција на малолетни деца.
Ќе потпишам извршна наредба со која ќе ѝ се наложи на секоја федерална агенција да ги прекине сите програми што го промовираат концептот на полова и родова транзиција на која било возраст. Потоа ќе побарам од Конгресот трајно да го спречи користењето пари од федералните даночни обврзници за промовирање или плаќање на овие процедури и да донесе закон со кој се забранува сексуално осакатување на деца во сите 50 држави.
Ќе објавам дека која било болница или давател на здравствена заштита што учествува во хемиско или физичко осакатување на малолетни лица, повеќе не ги исполнува федералните здравствени и безбедносни стандарди за Medicaid и Medicare - и веднаш ќе биде тргнати од програмата.
Понатаму, ќе го поддржам приватното право жртвите да тужат лекари кои непростливо ги извршиле овие процедури врз малолетни деца.
Министерството за правда ќе ја испита Големата Фармација и големите болнички мрежи за да утврди дали тие намерно ги прикривале ужасните долгорочни несакани ефекти од „сексуалните транзиции“ со цел да се збогатат на сметка на ранливите пациенти. Во овој случај, многу ранливи. Исто така, ќе испитаме дали Биг Фарма или други нелегално пласирале хормони и блокатори на пубертетот, кои не се лиценцирани или одобрени за ваква употреба.
Министерството за образование ќе ги информира државите и школските области дека ако некој наставник или училишен службеник му сугерира на дете дека можеби е заробено во погрешно тело, ќе се соочат со тешки последици, вклучително кривични пријави за полова дискриминација, и ќе бидат елиминирани од федералното финансирање.
Како дел од нашето ново тело за акредитација на наставници, ќе промовираме позитивно образование за основното семејство, улогите на мајките и татковците и славење наместо бришење на оние работи што ги прават мажите и жените различни и единствени.
Ќе побарам од Конгресот да усвои закон со кој ќе се утврди дека единствените полови признати од американската влада се машки и женски - и тие се доделуваат при раѓање. Тој закон истовремено ќе им забрани на мажите да учествуваат во женски спортови. И ќе ги заштитиме правата на родителите да не смеат да бидат принудени да се согласат со пол или идентитет кои би ги одбрал нивното малолетно дете.
Ниту една сериозна земја не треба да им кажува на своите деца дека се родени со погрешен пол - концепт за кој никогаш не се слушнало во целата човечка историја, сè додека радикалната левица не го измисли пред само неколку години.
Под мое лидерство, ова лудило ќе заврши.
Доналд Трамп, февруари 2023