Регионот се има соочено со слична, помалку жестока поплава во 1957 година, кога загинало 81 лице - долго пред глобалното затоплување да стане главното објаснување за лошото или непредвидливото време.
После таа катастрофа, за да спречи да се повтори, шпанската влада има изградено низа пренасочувања на реки над Валенсија за да ја пренасочи водата подалеку од станбените области.
Со децении системот функционирал добро. Во меѓувреме се проценило дека е потебна и дополнителна заштита па се изготвиле планови за огромна брана за спречување поплави во оваа област и регулирање на протокот на вода за време на обилните дождови во клисурата Појо.
Браната била одобрена во 2001 година како дел од Националниот хидролошки план на Шпанија, но и напуштена; се немало пари.
Сега се поставува прашањето дали таа можеше да спаси животи во оваа поплава?
Со закон за обновување на природата, Европската комисија побара од земјите-членки да ги отстранат вештачките бариери во име на слободата на дивиот свет и да дозволат 24.000 километри реки да течат слободно до 2030 година.
Во согласност со желбите на ЕУ, шпанската влада ги демонтираше браните со исклучителен ентузијазам: во 2021 година се ослободи од 108 брани, во 2022 година урна уште 133. Според Dam Removal Europe, коалиција од седум зелени групи за притисок, Шпанија е меѓу лидерите во отстранувањето брани.
Сега не сите се убедени дека тоа било паматене потег. Особено луѓето од шпанскиот град Арагон кои веруваат дека биле спасени од поплавата благодарејќи на моќната римска градба изградена уште во првиот век од нашата ера по наредба на императорот Август.