Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Куба остана без дизел и мазут

14 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Куба ги потроши последните резерви на гориво како последица на енергетската блокада наметната од САД. „Апсолутно немаме мазут, апсолутно немаме дизел. Немаме повеќе резерви“, изјави министерот за енергетика Висенте дела О Леви.
  • Прекините на електричната енергија сега надминуваат 20-22 часа секој ден. Во Хавана синоќа избувнале улични протести поради рестрикциите на струја. Во повеќе населби граѓани блокирале улици со запалено ѓубре и извикувале: „Вклучете ги светлата!“.
  • Од крајот на јануари администрацијата на Доналд Трамп наметна нафтена блокада против Куба, заканувајќи се со санкции и царини за секој што ќе се обиде да ѝ достави гориво. Престанаа испораките од главните добавувачи – Венецуела и Мексико. Последната пратка беше испорачана при крајот на март - 100.000 тони сурова нафта од руски танкер.
  • Кубанската енергетска мрежа сега е целосно зависна од оскудната сурова нафта, природен гас и обновливи извори. Куба има капацитет од 1.300 мегавати сончева енергија благодарение на панелите инсталирани од кинески компании во текот на изминатите две години. Но, голем дел од таа енергија се губи бидејќи не може да се складира во батерии поради нестабилноста на несигурната енергетска мрежа.
  • „Куба е отворена за секој што сака да ни продаде гориво“, апелираше министерот Леви.
  • „Куба бара помош и ние ќе разговараме!“, објави американскиот претседател Доналд Трамп пред да замине во посета на Кина. Стејт департментот понуди помош од 100 милиони долари за Хавана, но под услов да бидат спроведени „значајни реформи во комунистичкиот систем“.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Хрушчов во Скопје и ред други балканштини

Сити мол бесплатен за пензионерите во вторник и петок

Што ќе правевме ние без овие вистиномерци?

Дали Куранот дозволува чупање МЕЃУ веѓи?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy