На каква помија од терен тренираат младинците на ФК Работнички

Што направија со ФК Работнички, повеќекратниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, градски клуб кој играше во плејоф за Лига на шампиони, плејоф за Лига Европа, клуб кој даде толку многу репрезентативци и селектори, и во Скопје донесе познати европски клубови. Работнички сезонава пропадна, за првпат во историјата испадна во Втора лига.

Беше единствен прволигаш кој никогаш од влегувањето во Прва лига не испаднал во Втора лига. До минатата недела.

Еве како изгледаат терените на фудбалската школа на Работнички каде децата (односно родителите) плаќаат и месечна партиципација од најмалку 1.500 денари:

Си беше еднаш еден Работнички

13 мај 2026 - 10:53