Таканаречениот ‘Earth Overshoot Day’ годинава падна на 1 август. Тоа е ден кој секоја година се обележува на различни датуми според проценките кога сме ги исцрпеле природните ресурси за таа година па остатокот од годината одиме во „црвено“, односно позајмуваме ресурси од идните генерации.
Сомнителна е таа калкулација во која го делите биокапацитетот на планетата (колку ресурси Земјата може да генерира секоја година) со таканаречениот еколошки отпечаток на човештвото.
Без оглед на тоа колку е точно, Earth Overshoot Day им овозможува на различни зелени групи да го промовираат своето омилено решение за оваа наводна катаклизма. Ако ја погледнете веб-страницата Earth Overshoot Day, ќе видите дека ова главно вклучува борба за помала глобална популација. Или, нагалено „инвестирање во помали семејства“.
За жал, ваквите зелени кампањи веќе го добиваат токму она што го посакувале.
Ланскиот извештај на Евростат предупреди на сериозната демографска криза со која се соочува Европа. Според проценките, европската популација ќе се намали за шест отсто, или за 27,3 милиони луѓе, до 2100 година. САД исто така се соочуваат со пад на населението кон крајот на веков. Ширум светот, многу докази сугерираат дека треба да бидеме многу повеќе загрижени за депопулацијата отколку за пренаселеноста.
Дали и колку деца има некој, се разбира, треба да биде прашање на индивидуален избор. Но, идејата дека поголеми семејства ќе доведат до катастрофален данок врз животната средина е чиста глупост, вели шпанскиот новинар Дијаз.
Исто така, годишниот индекс на изобилство кој го изготвува тинк-тенкот Хјуман прогрес, покажува дека суровините на Земјата не се намалуваат како што расте населението. Обратно е. Во 2023 година Земјата била за 509,4% пообилна отколку во 1980 година.
Ова урива многу од општоприфатените теории за наводно неодржливиот „еколошки отпечаток“ на човештвото и намалувањето на оскудните ресурси на Земјата.
На крајот на краиштата, ресурсите се безвредни ако нема луѓе кои ќе ги користат.
Ни требаат повеќе храбри идеи - и лидери - за да се спротивставиме на мизерниот и анти-хуман ментален склоп кој бара уназадување на растот. И за да се реализира целосниот потенцијал на најскапоцениот ресурс од сите - самите човечки суштества, пишува Дијаз.
Види и: