На почетокот на 2024 година, Германија достигна рекорд од 49,1 милиони регистрирани автомобили. Во однос на претходната година, тоа е зголемување од 0,7 отсто.
Бројот на возила на илјада жители се зголемил на 580, што во просек е за два автомобили на илјада жители повеќе од лани.
Сообраќајната густина подобро се следи во десетгодишен период - во 2014 година имало 543 коли на 1.000 луѓе.
Бројките доста варираат по региони па во Берлин (329), Хамбург (426) и Бремен (435) има релативно малку автомобили. Придонесува и тоа што овие градови имаат добро развиен јавен сообраќај па потребата или желбата да се поседува кола не е толку голема.
Берлин е и единствениот германски град во кој во последната деценија, густината на сообраќајот всушност е намалена.
Електричните автомобили беа најпосакувани на почетокот на 2024 година, кога на нив отпаѓаа 2,9 отсто од сите регистрирани коли, што во споредба со 2,1 отсто во 2023 година беше значително зголемување.
Сепак, во последно време бројот на нови регистрирани електрични автомобили е намален и тоа не малку. Од јануари до август се регистрирале 32% помалку, а наглиот пад му се припишува на крајот на државните субвенции за нивно купување.